Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
torta-

Ако барате рецепт за торта што е вкусна и доволно едноставна за да ја направите без многу искуство во кујната, медената торта е одличен избор.

Меките медени кори и кремастиот фил ја прават десерт на кој е тешко да му се одолее.

Најдобра е откако ќе отстои неколку часа, бидејќи тогаш корите омекнуваат и апсорбираат дел од кремот.

Состојки

За корите:

2 јајца

150 г шеќер

100 г путер (маргарин)

3 лажици мед

1 лажиче сода бикарбона

Околу 500 г брашно

За кремот:

500 мл млеко

4 лажици брашно

150 г шеќер

200 г путер (маргарин)

1 ванилин шеќер

Подготовка

Во тенџере на тивок оган стопете го путерот, шеќерот и медот. Додадете ја содата бикарбона и мешајте кратко додека смесата не запени.

Тргнете од огнот, додадете ги јајцата и добро измешајте. Постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто.

Поделете го тестото на неколку еднакви делови. Секој дел расукајте го тенко и печете го на 180 степени неколку минути, додека корите добијат златеста боја.

За кремот измешајте ги млекото, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, па варете на тивок оган со постојано мешање додека смесата се згусне. Оставете да се олади, а потоа изматете со омекнатиот путер.

Тајната е во чекањето

Изладените корИ премачкајте ги со кремот и редете ги една врз друга. Целата торта премачкајте ја со остатокот од кремот, а по желба наросете мелени ореви или една издробена кора.

Најважно е тортата да ја оставите во фрижидер неколку часа, а најдобро преку ноќ. Така корите ќе омекнуваат, а вкусовите убаво ќе се поврзат.

Резултатот е сочна и миризлива медена торта која е идеална за дегустација со кафе и за семејни дружења.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Гламур

Continue Reading

Претходно: Најпродавани компактни СУВ во Европа до август
Следно: Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Поврзани вести

20261109104549_big_730x400_14
  • Рецепти

Посна крем чорба

Шеталиште 09/11/2026 10:19
20261105091926_big_730x400_88
  • Рецепти

Домашни путер кроасани

Шеталиште 05/11/2026 09:08
20261103100231_big_730x400_56
  • Рецепти

Пире од сладок компир

Шеталиште 03/11/2026 09:16
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани