Владата донесе одлука со која го овласти министерот за здравство да го потпише анексот со кој се зголемуваат платите на вработените во јавните здравствени установи, но медицинските сестри не се задоволни со зголемувањето на платата.
Здружението на медицински сестри смета дека зголемувањето од 3.000 денари не е доволно и предупредуваат дека на Македонија ѝ недостигаат околу 8.000 медицински сестри.
Од здружението порачаа дека нема да се откажат од борбата за подобри услови за работа и повисоки плати.