Македонскиот шампион Вардар 1961 загуби на гостувањето кај Мелсунген со 33-31 во првото коло од групата Б. Германскиот, Мелсунген, дебитираше во Лигата на шампионите откако минатата сезона го освои трофејот во Европската лига и направи изненадување.
Вардар имаше проблеми со составот уште пред почетокот на дуелот. Поради суспензија не настапи Митровиќ, додека во Скопје останаа и Милан Лазаревски и Бразилецот Да Силва.
Во вториот дел германскиот тим повторно направи серија голови и во 37. минута стигна до највисоки +4 (22-18).Тренерот на Вардар 1961, Чупиќ повторно реагираше со тајмаут, по што Вардар се стабилизираше. Голманот Васил Гогов внесе дополнителна сигурност со неколку важни одбрани, а Љевар повторно го повлече тимот. Вардар успеа да се приближи на само еден гол разлика (28-27) и во финишот имаше шанса целосно да се врати во натпреварот.
Сепак, Мелсунген го казни неуспешниот напад на Вардар и во завршницата ја задржа предноста за конечни 33-31. Воркапиќ беше најдобар стрелец кај Вардар со девет гола. Кај германскиот тим најефикасен беше Дростен со пет погодоци.

