Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Фудбал

Меси мора да замине од Мундијалот, почина татко му

Шеталиште 19/06/2026 11:13
FIFA World Cup 2026 - Group J - Argentina vs Algeria

epa13042908 Lionel Messi of Argentina celebrates with supporters after scoring the 2-0 goal during the FIFA World Cup 2026 group stage match Argentina against Algeria, in Kansas City, Missouri, USA, 16 June 2026. EPA/AMY KONTRAS

Голем медиумски скандал ја потресе Аргентина откако телевизиската водителка Флоренсија Пења во живо објави дека починал Хорхе Меси, таткото на фудбалската суперѕвезда Лионел Меси пренесува вечер.

Контроверзната изјава беше дадена во емисијата „Ел Шоу дел Верано“, само неколку дена откако Меси со хет-трик ја предводеше Аргентина до победата од 3:0 над Алжир, на Светското првенство.

  • Не сакам да соопштувам лоши вести, но таткото на Меси штотуку почина – изјави Пења во програмата во живо, додавајќи дека Лео наводно ќе мора да го напушти турнирот.

Сепак, информацијата брзо беше демантирана од семејството Меси. Во официјално соопштение беше наведено дека Хорхе Меси е под медицински надзор и дека успешно закрепнува, но дека не починал.

Семејството жестоко реагираше и на ширењето непроверени информации, обвинувајќи дел од медиумите за недостиг на чувствителност и на почит кон неговата приватност во тежок период.

По бурата од реакции, Пења јавно се извини преку „Инстаграм“, тврдејќи дека информацијата ѝ била дадена како потврдена од продукцијата на емисијата.

  • Многу ми е срам што бев инструмент на оваа болка. Ја преземам одговорноста и затоа решив да се повлечам од телевизија „Луж“ – порача водителката.

Телевизијата потоа соопшти дека ширењето чувствителни информации без проверка е неприфатливо и потврди дека се отпуштени одговорните лица.

Во случајот се вклучи и аргентинскиот претседател, Хавиер Мајли, кој остро ја нападна Пења, нарекувајќи ја „евтин озборувач“ и поздравувајќи ја одлуката на телевизијата да реагира.

Целиот инцидент се случи во период кога поминува Меси низ емотивни моменти. По првиот гол против Алжир, легендарниот Аргентинец беше виден како плаче на теренот, подоцна откривајќи дека зад солзите стоеле лични причини што немаат врска со фудбалот.

Скандалот предизвика огромен бес во аргентинската јавност и отвори нова дебата за одговорноста на медиумите при објавувањето чувствителни и непотврдени информации.

Continue Reading

Претходно: Капитенот на Еурофарм Пелистер останува во Битола Пелистер
Следно: Полицијата доби нови правила за изглед: дозволени бради и ограничени тетоважи

Поврзани вести

maradona1-696x452
  • Фудбал

Меси испиша историја, па го спомна и Марадона: Ова е мој подарок за него

Шеталиште 16/07/2026 07:50
FB_IMG_1784065040466
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Второлигашот Новаци се засилува, потпиша младиот Андреј Сиљаноски (Фото)

Димитар Петковски 15/07/2026 06:53
image (9)
  • Фудбал

Вртоглаво растат цените на билетите за финалето на Светското првенство

Шеталиште 14/07/2026 10:35
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани