Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец

admin 18/01/2023 00:00
thumbnail_foto-crkvata-Treskavec-24.9.-660x500-2

Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица поставија некулкумесечен рок за да почне реализацијата.

-Стручен тим од Музејот, со стручен тим од странство, со професори од земјава, направивме увид и заклучено е дека мора, конечно, да се направат конкретните елаборат и проект. Увид направи истакнатиот професор од Грција Акваридис Препис, направи испитувања и дојде до сознанија кои ги очекуваме официјално. Составен е стручниот тим – со професорот, со стручни лица од Музејот, професори од Градежниот факултет од Скопје, стручни лица од ИЗИС. Дојдовме до сознанија дека најголем проблем во Црквата е влагата која мора прво таа да се отстрани. Влагата доаѓа од водата што влегува во манастирскиот комплекс. Значи, двата проекти кои ги поднесовме до Министерсвото за култура се однесуваат за заштита од тој аспект – од хидрогеолошки и од геолошки аспект за заштита на Цркавта, за дури потоа да почнеме со заштита и реставрација на покривот, на тремот, на олтарот. Верувам во поддршката на Министерството за култура. Крајно време е да се посветиме на решавањето на проблемот со заштитата на Црквата во Трескавец за да не се доведеме во опасност да го загубиме ова непроценливо културно богатство, вели Цветкоски.

Ова е голем зафат, вреден неколку милиони денари, но од Музејот веруват дека меѓународниот стручен тим целосно ќе ја даде сликата за она што најитно треба да се работи, а прво е решавањето на влагата во Црквата.

Цветкоски констатира дека локалната самоуправа уште не почнала со активностите за водоводот и пречистителната станица што се услови за официјално ставање во употреба на обновените конаци на манастирот по пожарот од пред 10 години. Инаку, за обновата на Трескавец државата досега вложи околу 2,5 милиона евра.

Continue Reading

Претходно: На доделувањето на наградите Златен глобус, неколку познати личности се заразиле со корона вирусот
Следно: Денес завршува ретроградната фаза на Меркур: Време е јасно да ги дефинираме нашите планови

Поврзани вести

raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани