Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
SFERA1

Меѓународниот ден на младите во Битола беше одбележан со креативност, едукација, дружење и многу младинска енергија. Во рамки на Младинскиот центар Битола, организациите СФЕРА Интернешнал, ИМКА Битола и Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ) реализираа три различни активности, обединети околу една заедничка цел – да им понудат на младите простор во кој можат да создаваат, да учат, да разговараат за теми што ги засегаат и да се поврзуваат.

Во просториите на Младинскиот центар Битола, СФЕРА Интернешнал организираше креативна работилница посветена на рачното творење. Младите работеа со глина, истражуваа различни форми и текстури и создаваа сопствени уникатни изработки. Преку плетењето, пак, имаа можност да научат нови вештини, но и да развиваат трпение, концентрација и меѓусебна поддршка. Работилницата создаде непосредна атмосфера во која учесниците си помагаа, разменуваа идеи и преку креативноста го изразуваа сопствениот индивидуален печат.

На истата локација, ИМКА Битола ја реализираше интерактивната активност „MindfulBytes“, посветена на дигиталниот свет и неговото влијание врз вниманието, навиките и изборите на младите. Преку игри, дискусии, тимска работа и ситуации од секојдневниот живот, учесниците разговараа за тоа како ги користат технологијата и социјалните мрежи, како да препознаваат манипулативни содржини и критички да ги проценуваат информациите, но и како да градат поздрави дигитални навики. Посебно внимание беше посветено на дигиталната благосостојба и на потребата младите да бидат свесни и активни корисници на технологијата, наместо само пасивни консументи на дигитални содржини.

Одбележувањето продолжи во дворот на МКЦ Битола, каде Младинскиот културен центар, во соработка со центарот за психотерапија „Свесност“, организираше интерактивна работилница посветена на личниот развој, целите и мотивацијата на младите. Низ разговор, размислување и споделување лични искуства, младите имаа можност да зборуваат за она што ги мотивира, предизвиците со кои се соочуваат и она што ги движи напред. По работилницата, програмата продолжи со неформално дружење и музика со DJ Chiko, заокружувајќи го денот во опуштена и позитивна атмосфера.

Трите активности покажаа различни аспекти од она што денес значи младинска работа – од креативно изразување и стекнување практични вештини, преку дигитална писменост и критичко размислување, до личен развој, мотивација и социјално поврзување.

Преку заедничкото одбележување на Меѓународниот ден на младите, Младинскиот центар Битола уште еднаш ја истакна важноста од постоењето на отворен и достапен простор за младите во градот. Простор во кој различни организации можат да ја спојат својата експертиза и да создаваат разновидни можности, а младите да бидат активни учесници – да учат, да создаваат, да се изразуваат, да се дружат и да придонесуваат кон младинскиот и културниот живот во Битола.

MKC1
MKC2
MKC3
SFERA1
SFERA2
SFERA3
YMCA1
YMCA2
YMCA3

Continue Reading

Претходно: 46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици
Следно: КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани