Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МЗ: Министерството имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Стоматолошката комора, констатирани се неправилности

Шеталиште 11/08/2025 13:37
Stomatolska komora na Makedonija

Во врска со денешната прес-конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и инклузивност во процесот на сите релевантни чинители. Одлуката е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

– Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од Уставен суд, а потоа и конечна одлука од истата институција со која се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија, а дополнително покрај времената мерка, Комората продолжила со континуираната едукација. Паралелно, во прилог на оваа одлука е и извештајот од Државната комисија за спречување на корупција, пишува во соопштението.

Министерството за здравство, како што се додава, за оваа цел имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Комората и „во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите, но, во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора“.

– Потенцираме дека по извршениот надзор на првата комисија, формирана во 2024 година, воопшто не е постапено по препораките, односно во целост се неточни тврдењата дека комисиите „немаат утврдени неправилности во кој било сегмент од работењето во Комората“, додека втората комисија веќе дава јасни насоки до МЗ за утврдените неправилности, недостатоци и предлог за дејствија што треба да се преземат, истакнуваат од Министерството за здравство.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, како што се додава, по разгледување на содржината на извештаите и доставената документација како и одлуката од Уставен суд од 15.05.2024, „министерот одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално“.

Mинистерот Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти

Поврзани вести

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

Васка М.Младеновска 17/11/2026 14:08
Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци
  • Вести
  • Македонија

Пронајдени две артилериски гранати кај Новаци

Васка М.Младеновска 17/11/2026 13:29
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk 1
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

17/11/2026 16:47
Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп FB_IMG_1794933387204 2
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

17/11/2026 16:39
Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош large 3
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

17/11/2026 16:35
Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп opstina-prilep-1 4
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

17/11/2026 14:44
Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“ 5
  • Вести
  • Битола инфо

Средношколци од Медицинското училиште- Битола во трката за „Средношколец милионер“

17/11/2026 14:08

Можеби сте пропуштиле

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk
  • Вести
  • Битола инфо

Шестмина средношколци од Битола учествуваат во „Средношколец милионер“ со бизнис идејата Sporedi.mk

Васка М.Младеновска 17/11/2026 16:47
FB_IMG_1794933387204
  • Прилеп инфо

Над 200 прилепски млади во улога на европратеници – симулација на Европскиот парламент во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 16:39
large
  • Прилеп инфо

Прилеп доби три нови амбулантни возила: Современа опрема за побрза и поефикасна Итна помош

Шеталиште 17/11/2026 16:35
opstina-prilep-1
  • Прилеп инфо

Втор повик за доделување еднократна парична помош за првачиња во Прилеп

Шеталиште 17/11/2026 14:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани