Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите

admin 29/03/2025 00:00
ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka-1-1-scaled

Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите. Најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во осноните училишта изнесува 22.745 денари, пишува во документот. Дел од просветните работници незадоволни на социјалните мрежи велат ова е бруто износ, што Нето би изнесувало 15.250 денари.

„Министерството за образование доколку го почитува колективниот договор и законот за минимална плата и СОНК да ги почитуваше законите и да се грижеше за просветните работници, ќе ја утврдеа за основица минималната плата на државно ниво која е во висина од 33.352 денари во Бруто износ или 22.567 денари во Нето износ. Со непочитување на колективните договори и законот за минимална плата, платата на просветните работници е скратена за една третина“, пишуваат на социјалните мрежи.

Според министерката за образование ова е шпекулација. Јаневска вели спогодбата за покачување на плата е потпишана уште лани кога со СОНК договоривме дека континуирано во следните четири години да има зголемување на процентот на платата на сите вработени во училиштата.

„Оваа година идентичната спогодба ја потпишавме повторно за да може да се исплати мартовската плата во април со покачени 7%. Точно е дека одредена група вработени во училиштата имаат коефициент на минимална плата, ама тие никогаш, ни лани, преклани, не добивале 15 илјади денари плата. И во изминатите години тие добивале минимална плата и се однесува на општ работник, садомијачка, значи навистина на најнискиот коефициент на сложеност на работа и оваа година тие ќе си ја добијат загарантираната минимална плата, што значи ќе има разлика од претходната до оваа, ќе си го добијат тоа покачување. Сите останати ќе си добијат според коефициент на сложеност на работа како и секоја година“ – Весна Јаневска, министерка за образование

На иста линија е и првиот човек на СОНК. Неделков тврди дека со новата спогодба само продолжува трендот на раст на платите.

„Се шпекулира дека се оштетени просветните работници, што апсолутно не е точно. Еден наставник со зголемување од 7 проценти ќе добие некаде околу 2 ипол илјади денари, на сметка на вработените во јавниот сектор, каде што таму се оштетени линеарно им се зголемува платата за 1.800 денари. Ова се дефинитивно смислени шпекулации да се поттикнува членството на незадоволство во однос на спогодбите и работењето на СОНК се со цел отчленување и прелевање во друг синдикат“ – Јаким Неделков, претседател на СОНК

МОН и СОНК лани договорија постојан раст на платите за 4 години за вкупно 46%. Освен сегашното зголемување од 7%, догодина и во 2027 договорот е зголемувањето да се вижи помеѓу 7,5% и 10%, за истиот период во 2028 година процентот на раст да достигне од 10 до 12,5%.

Continue Reading

Претходно: Видео: Експлодира лимузината на рускиот претседател Путин!
Следно: Во 59. минута фудбалот застана во Битола, минута аплауз за жртвите од Кочани!

Поврзани вести

Screenshot_20260508_120921_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Димитар Петковски 08/05/2026 10:10
sin_nombre_hanta_virus_tem_phil_1136_lores.jpg-800x450
  • Македонија

Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе

Шеталиште 08/05/2026 10:04
20260508104351_big_730x400_50
  • Македонија

Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

Шеталиште 08/05/2026 10:03
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!! Screenshot_20260508_120921_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

08/05/2026 10:10
Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот bitola-1536x666 2
  • Битола инфо

Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот

08/05/2026 10:10
Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе sin_nombre_hanta_virus_tem_phil_1136_lores.jpg-800x450 3
  • Македонија

Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе

08/05/2026 10:04
Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ 20260508104351_big_730x400_50 4
  • Македонија

Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

08/05/2026 10:03
УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови nevreme 5
  • Македонија

УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови

08/05/2026 10:01

Можеби сте пропуштиле

mintkredit_900_x_600
  • Промо

За денови што се паметат: Од важен момент до нов почеток

Шеталиште 08/05/2026 11:33
Screenshot_20260508_120921_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Димитар Петковски 08/05/2026 10:10
bitola-1536x666
  • Битола инфо

Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот

Шеталиште 08/05/2026 10:10
sin_nombre_hanta_virus_tem_phil_1136_lores.jpg-800x450
  • Македонија

Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе

Шеталиште 08/05/2026 10:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани