Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Министерство за здравство: Во координација сме со ФЗО за решавање на проблемите во примарната гинеколошка заштита

Шеталиште 30/01/2026 13:41
zdravstvo-660x500

Министерството за здравство соопшти дека е во постојана координација со Фондот за здравствено осигурување и стручните здруженија за унапредување на примарната гинеколошко-акушерска заштита, откако Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска предупреди за сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Од ресорното министерство нагласуваат дека упатствата базирани на докази континуирано се ревидираат, а стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти на барањето на здружението.

-Министерството за здравство е во постојана координација и комуникација со ФЗО и стручните здруженија, со цел заеднички да изнајдеме најоптимално решение за унапредување на гинеколошко-акушерската здравствена заштита на примарно ниво, соопштуваат од министерството. Потенцираме дека упатствата за медицина базирана на докази континуирано се ревидираат и обновуваат, следејќи ги современите текови во медицината, стои во нивното соопштение

Дополнуваат дека стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти, согласно барањето на Здружението на матични гинеколози и акушери на Македонија.

Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска на прес-конференџија предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос, ја префрла одговорноста врз нив и остава пациентките без јасна слика за правата и обврските.

Проблемот, според нив, не е во превентивните прегледи, туку во недостигот на јасно дефиниран сет услуги што треба да биде покриен со здравственото осигурување.

Здружението побара Министерството за здравство да изготви клинички упатства и да ги подигне стандардите до европско ниво, а Фондот за здравствено осигурување да го ревидира постојниот договор со имплементација на услуги според тие упатства.

Тие нагласија дека досега немаат добиено одговор и остануваат на ставот за итно отворање дијалог со институциите за воспоставување транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентките и примарното здравство.

 

Continue Reading

Претходно: Битолскиот дувачки оркестар останува столб на културната сцена во Битола и во 2026 година
Следно: Превозниците во Србија ги прекинуваат блокадите

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани