Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Минчев: Партиските привилегии на товар на граѓаните завршуваат – јавниот сектор ќе работи за граѓаните, а не за партиите

Шеталиште 25/09/2025 11:24
Goran Minchev

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во изјава за весникот ВЕЧЕР порача дека започнува процес на рационализација на јавниот сектор – намалување на членовите на управните и надзорните одбори, укинување и спојување на непотребните институции и воведување јасни правила за професионално управување, се наведува во денешното соопштение на Кабинетот на министерот за јавна администрација, што МИА го пренесува интегрално.

„Доста беше јавниот сектор да биде сервис за партиските кадри и распределба на привилегии. Управните и надзорните одбори со години беа структури со преголем број членови, со сомнителни критериуми и без отчетност. Тоа е неприфатливо. Ќе воспоставиме ред – помалку одбори, помалку членови и избор само на професионалци со знаење, стручност и компетенции, а не со партиска книшка.“ – изјави Минчев.

Тој децидно нагласи дека ќе се стави крај и на нефункционалните институции:

„Имаме институции кои постојат само на хартија, со по неколку вработени и преклопени надлежности. Тие не се вистински институции, туку симболи на неефикасност и расфрлање на државните пари. Со нивно спојување и оптимизација ќе обезбедиме рационализација – помалку трошоци, подобра координација и поефикасни услуги за граѓаните.“

Минчев додаде дека Владата е решена да изгради модерна и професионална администрација:

„Подготвуваме нов закон за висока раководна служба со кој ќе ја искорениме партизацијата при избор на функционери. Никој повеќе нема да биде назначен по партиска книшка, туку според знаење, искуство и стручни вештини. Тоа е реформата што Македонија ја заслужува.“

Министерот потсети дека Владата веќе покажа конкретни резултати:

„Со укинувањето и фузионирањето на Инспекцискиот совет во рамки на МЈА, заштедивме околу 300.000 евра годишно. Со замрзнувањето на платите на функционерите покажавме дека сме подготвени прво да почнеме од себе.

Продолжуваме со суштинските реформи – намалување на одборите, оптимизација на нефункционалните институции и намалување на партиските привилегии.“ – заклучи Минчев.

Кабинет на министер за јавна администрација

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Царинска управа: Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол
Следно: Филипче ги објави „црвени линии“ за ЕУ, предлага уставните измени да завршат до 10 февруари

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани