Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Минчев: Усвоените реформски закони ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи

Шеталиште 11/07/2025 13:24
Goran Minchev

Усвоените реформски закони, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност, порача денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Тој на прес-конференција информираше дека овие закони не се само технички документи, туку дека се симбол на заложбата за европеизација на општеството, за градење ефикасна, професионална и одговорна јавна администрација, во служба на граѓаните и во чекор со стандардите на Европската унија.

-Законот за вработените во јавниот сектор носи јасна и објективна процедура за вработување, базирана на заслуги и компетенции, а не на врски и партиски влијанија. Централизација и дигитализација на сите огласи преку веб-страницата на Агенцијата за администрација, што гарантира транспарентност и еднаква можност за сите кандидати. Строги ограничувања на дискреционите овластувања, со што го прекинуваме партискиот хаос во вработувањата. Специјализирана категорија за ИТ кадарот со повисоки плати и современи услови за работа, за да ги задржиме младите во земјата, истанкна Минчев.

Во однос на Законот за административните службеници појасни дека со него се воведува систем на вработување исклучиво преку компетенции и реални знаења, со електронски тестови и практични проверки. Во однос на Агенцијата за администрација, која како интегриран дел од Министерството, рече дека ќе гарантира фер и транспарентен изборен процес, дигитализиран и достапен за јавноста.

Според него, Законот за административни службеници меѓу другото ќе значи привлекување и задржување на млади таленти со хибриден и далечински модел на работа, поддржано со менторство и можности за континуиран развој, мотивирачки систем за професионален раст со задолжително стручно усовршување и менторство за секој службеник и јасно заштитен статус на државните службеници како темел на стабилна и деполитизирана државна администрација.

Законот за стручно усовршување, министерот рече дека  претставува прв законски систем за стручно усовршување во историјата на државата, кој го прави учењето задолжително и континуирано.

-Создавање на Академија за обуки и стручно усовршување како централен орган во Министерството, мотор на развој и носител на најдобри европски практики, вклучување на искусни административци како обучувачи, со мотивација и финансиска награда, високи стандарди за новите вработени со обврска за положување испит и за раководниот кадар со задолжителни обуки како и отворање врати за современа соработка со универзитети, научни центри и странски академии за постојани иновации, појасни Миничев.

Покрај овој пакет на реформски закони, Собранието го усвои и новиот Закон за инспекциски надзор со кој се укинуваат функционерските позиции во Инспекцискиот совет како и интегрирање на Инспекцискиот совет во рамките на Министерството за јавна администрација.

Министерот најави нов пакет на реформски закони, како што се Законот за висока раководна служба, Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор.

-Овие закони ќе донесат дополнителна структура, стабилност и предвидливост во управувањето со јавната администрација, ќе обезбедат поголема одговорност на раководниот кадар и ќе придонесат кон правичен и одржлив систем на плати базиран на принципот „еднаков труд – еднаква плата“, истакна Минчев.

Прашан дали со новите закони платата ќе се намали кај дел од вработените, министерот децидно одговори дека платите нема да бидат намалени.

– Но за волја на вистината треба да бидеме искрени во една работа. Се работи за регулаторни тела и за неколку служби на одредени институции коишто сами за себе велат дека се самостојни и независни, што е точно. Се работи за бројка од околу 1.500 вработени коишто зимаат едни како служби 40 до 60 проценти повеќе плата од другите 115.000 илјади вработени во јавниот сектор, а во регулаторните тела имаме ситуации каде што одредени вработени, зборам оние коишто обавуваат иста дејност како сметководство во една институција и во друга имаме ситуација каде што некои вработени зимаат и од 80 до 100 проценти повеќе плата од останатите. Но платите нема да се намалат, нагласи Минчев.

Наша цел, како што рече, е во овие законски решенија да го сопреме процесот на самостојно покачување на платите со цел овие коишто земаат повеќе да запрат, а оние коишто земаат помалку и за коишто морам да кажам, дека навистина имаат скромни плати, да успееме тие средства да ги пренасочиме кон нив, односно платите на оние коишто земаат помалку да се зголемат. 

Фото:  Министерство за јавна администрација

Continue Reading

Претходно: Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија
Следно: СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Поврзани вести

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани