Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мистериозна античка населба е пронајдена на дното на Охридското Езеро

admin 16/08/2023 00:00
14.8.najstaro-ezersko-selo-vo-evropa-ohridsko-ezero

Населба со куќи на потпорници се наоѓала на дел од албанскиот брег на езерото пред 8 000 години, а археолозите веруваат дека тоа е најстарото село пронајдено досега на брегот на езеро во Европа
Научниците открија потоната населба под тиркизните води на „Бисерот на Балканот“, односно Охридското Езеро, кое би можело да припаѓа на една од најраните населби во Европа. Меѓутоа, се појави мистерија – жителите на таа населба се заштитиле со „тврдина“ од одбранбени шилци, а на археолозите се уште не им е јасно зошто.

Населба со куќи на потпорници се наоѓала на дел од албанскиот брег на езерото пред 8 000 години, а археолозите веруваат дека тоа е најстарото село пронајдено досега на брегот на езеро во Европа.

„Оваа населба е неколку стотици години постара од досега познатите езерски населби во медитеранските и алпските региони. Според нашите сознанија, таа е најстара во Европа“,

изјави за АФП археологот Алберт Хафнер од швајцарскиот универзитет во Берн.
Хафнер и неговиот тим од швајцарски и албански археолози ги поминале последните четири години ископувајќи во Лин на албанската страна на Охридското Езеро, кое се протега преку планинската граница меѓу Северна Македонија и Албанија. Тие веруваат дека во античката населба живееле меѓу 200 и 500 луѓе и дека граделе куќи на потпорници над површината на самото езеро или во области кои редовно се поплавуваат.

За време на неодамнешното нуркање, експертите откриле докази кои укажуваат дека населбата била зајакната со илјадници шилести трупци кои се користеле како одбранбена барикада.

„За да се заштитат вака, морале да ја исечат шумата“, изјавил Хафнер.

Имено, приближно 100 000 вакви шилци се пронајдени на местото на дното на езерото. Зошто древните селани изградиле толку обемна одбранбена структура? Археолозите сè уште не го знаат одговорот на ова прашање.

Охридското Езеро е едно од најстарите езера во светот и постои повеќе од милион години. Античките жители на областа веројатно се занимавале со земјоделство и сточарство.

„Најдовме различни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни“, изјавил албанскиот археолог Илир Ѓепали.

Continue Reading

Претходно: Протеински палачинки
Следно: Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест

Поврзани вести

kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

Димитар Петковски 06/12/2025 11:07
Screenshot_20251205_195904_Mavex
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

Димитар Петковски 05/12/2025 19:37
Uklo
  • Вести
  • Битола инфо

Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

Шеталиште 05/12/2025 14:46
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37
Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола Uklo 3
  • Вести
  • Битола инфо

Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

05/12/2025 14:46
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски Mickoski 4
  • Вести
  • Македонија

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

05/12/2025 14:44
УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Вести
  • Македонија

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот

05/12/2025 14:42

Можеби сте пропуштиле

IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18
kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

Димитар Петковски 06/12/2025 11:07
Screenshot_20251205_195904_Mavex
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

Димитар Петковски 05/12/2025 19:37
1
  • Промо

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

Шеталиште 05/12/2025 14:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани