Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

admin 07/06/2025 00:00
Marija-Miteva

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.

-Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства, реле на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Таа додаде дека во првата фаза, ги повикуваат сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања, предлози и конкретни потреби кои ги имаат.

-Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај, рече Митева.

Владината портпаролка појасни дека преземањето на овие активности е резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работела во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови.

-Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни, рече Митева додавајќи дека затоа почнуваат со нова активност, во насока на ветената континуирана поддршка на повредените и семејствата.

Новите чекори кои се преземаат, додаде, се затоа што оваа Влада верува дека поддршката не смее да биде еднократна, туку да биде процес.

-Знаеме дека здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден – и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам, појасни владината портпаролка.

Гледаме, додаде таа, да бидеме брзи и ефикасни и најбрзо да помогнеме онаму каде можеме. Битно е преку телефонската линија во прва фаза да ги соберат и сублимираат сите барања и да ги проследат веднаш до институциите кои се надлежни и тие да ги решат во најкус можен рок.

Митева вели дека како Влада не исклучуваат следни чекори како отворена канцеларија, или пак подобрување на условите во кочанската болница за повредеите да не мора за сите интервенции да доаѓаат во Скопје.

-Ова е исто така тема на дискусија која ја имаме во рамки на Владата и е резултат на информации од работната група која ги евалуира состојбите и за многу скоро од денеска ќе објавиме и план како сето ова треба да се реши, рече Митева.

Фото и видео Влада

Continue Reading

Претходно: РК Алкалоид: Трофејот од Европскиот куп е потврда за нашиот и квалитетот на македонскиот ракомет
Следно: Еурофарм Пелистер среде Скопје ја одбрани шампионската титула

Поврзани вести

Screenshot_20251117_084721_Chrome
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Шефот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг: „Не можеме постојано да се доведуваме во смртна опасност“

Димитар Петковски 17/11/2025 07:48
FB_IMG_1763329275516
  • Вести
  • Битола инфо
  • Останати
  • Спорт

„Златниот гонг“ оваа година во рацете на битолското “железно момче” – Ален Рустемовски

Димитар Петковски 16/11/2025 22:31
Screenshot_20251116_083158_Gallery
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

ЕВРОБАСКЕТ 2027: Одлична Македонија, но Грција победи на крај во Скопје

Димитар Петковски 16/11/2025 07:29
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Шефот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг: „Не можеме постојано да се доведуваме во смртна опасност“ Screenshot_20251117_084721_Chrome 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Шефот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг: „Не можеме постојано да се доведуваме во смртна опасност“

17/11/2025 07:48
„Златниот гонг“ оваа година во рацете на битолското “железно момче” – Ален Рустемовски FB_IMG_1763329275516 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Останати
  • Спорт

„Златниот гонг“ оваа година во рацете на битолското “железно момче” – Ален Рустемовски

16/11/2025 22:31
ЕВРОБАСКЕТ 2027: Одлична Македонија, но Грција победи на крај во Скопје Screenshot_20251116_083158_Gallery 3
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

ЕВРОБАСКЕТ 2027: Одлична Македонија, но Грција победи на крај во Скопје

16/11/2025 07:29
Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола 1 4
  • Вести
  • Битола инфо

Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола

15/11/2025 09:09
Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола 3 5
  • Вести
  • Битола инфо

Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола

15/11/2025 09:07

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251117_084721_Chrome
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Шефот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг: „Не можеме постојано да се доведуваме во смртна опасност“

Димитар Петковски 17/11/2025 07:48
FB_IMG_1763329275516
  • Вести
  • Битола инфо
  • Останати
  • Спорт

„Златниот гонг“ оваа година во рацете на битолското “железно момче” – Ален Рустемовски

Димитар Петковски 16/11/2025 22:31
Screenshot_20251116_083158_Gallery
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

ЕВРОБАСКЕТ 2027: Одлична Македонија, но Грција победи на крај во Скопје

Димитар Петковски 16/11/2025 07:29
Naslovna 15.11.2025
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (15.11.2025)

Шеталиште 15/11/2025 16:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани