Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Мицкоски: Енергетската состојба е стабилна, обезбедени јаглен, гас и извоз на струја

Шеталиште 26/03/2026 12:13
Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека енергетската состојба во земјата е стабилна, и покрај, како што рече, најголемата глобална енергетска криза во последните децении.

Во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ како ја оценува состојбата со енергетиката во земјата, Мицкоски информира дека во моментот има приближно 165.000 тони јаглен, а хидроакумулациите се исполнети со речиси 40 проценти од капацитетот. Според него, обезбедени се и потребните количини гас до крајот на април, неопходни за затоплување на Скопје.

Тој посочи дека АДСМ во ноќните часови извезува електрична енергија во вредност од 100.000 до 150.000 евра дневно, што на месечно ниво носи меѓу 6 и 9 милиони евра, во зависност од цените на берзата.

Мицкоски оцени дека државата „не само што е стабилна, туку и извезува стабилност во регионот“ наведувајќи дека Македонија во услови на криза снабдува повеќе странски аеродроми со керозин.

– Дури во услови на епска криза, ние снабдуваме неколку аеродроми со керозин. Замислете, ако сега донесеме одлука за забрана за извоз, тие аеродроми ќе мора да се снабдуваат по различни, значително повисоки цени. Тоа директно ќе влијае на авионските билети, на транспортните трошоци и на инфлацијата во тие држави – рече премиерот.

Тој најави дека на самитот ЕУ–Западен Балкан во јуни ќе ги презентира плановите за регионална енергетска интеграција, истакнувајќи дека електричните преносни мрежи, далеководите и гасните интерконектори „не признаваат граници“ и веќе функционираат во рамки на европскиот систем.

– Потребно е регионално да се организираме. Затоа што преносните мрежи, далеководите, гасните интерконектори и нафтоводите – немаат Шенген. Не признаваат граници. Тие се интегрирани во европскиот систем. Таму нема преговори и уставни измени, таму само се интегрираме – рече Мицкоски.

Како потенцијална можност тој ја наведе проценката на Светската енергетска агенција дека во наредната деценија глобално ќе недостигаат 40.000 ТW нов инсталиран капацитет, и оцени дека доколку регионот привлече само 0,01% од тие инвестиции, тоа би значело околу 4.000 ВW нови капацитети или 400 милијарди долари годишно.

 

 

 

 

 

миа

Continue Reading

Претходно: ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари
Следно: Соопштение за јавност од АД ЕСМ и ЕСМ Молика

Поврзани вести

jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

Шеталиште 16/04/2026 07:08
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 1
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 2
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 3
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 5
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09

Можеби сте пропуштиле

germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
20260415131242_big_730x400_61
  • Рецепти

Чизкејк со јагоди

Шеталиште 16/04/2026 09:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани