Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Изградбата на автопатот Кичево-Охрид показател за разликите меѓу оваа и минатата власт

Шеталиште 14/07/2025 10:28
Kicevo-Ohrid

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид била во застој, а во текот на изминатите осум месеци со работа во три смени работите се откочиле и се движат со засилено темпо, вели премиерот Мицкоски, кој очекува тој целосно да биде завршен кон крајот на 2026 или првиот квартал на 2027 година. Дотогаш, нагласува, треба да се решат и проблематичните точки, косини и свлечишта.

-Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот, што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред осум месеци отприлика состојбата беше до никаде. Се работеше во три смени, се работеше жестоко, се работеше посветено и резултатот од таа посветена работа се овие први 17, иако делницата е 20 километри, но, оној дел каде што се скршнува накај Пресека до тунелите не е пуштен во употреба бидејќи таа делница од Врбјани до Кичево е исто така во должина од 17 километри, дополнително треба да се заврши, бидејќи има 10 свлечишта кои, за жал останале заборавени. Сега се направени проекти, и тие треба да се стабилизираат, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Појасни дека дел од петте километри од месноста кај селото Ботун, исто така има шест свлечишта, и оти тие се можеби поголеми и попредизвикувачки.

– Проектите веќе се готови. Очекувам во август месец да отпочне нивната реализација. За сето ова за коешто зборувам е потребно зголемување на рамката на кредитот, бидејќи за жал тоа не било предвидено во минатото. Исто така, се привршува секцијата од Климештани до Охрид. Тие се исто така, 17, 18 километри, кои што очекувам до крајот на август да бидат пуштени во функција, со што од вкупната делница 57 километри, негде 34, 35, до крајот на август ќе бидат автопатско решение, минус оние пет кај Ботун и минус оние 17 од излезот на тунелот до Кичево, кои што очекувам да бидат завршени до крајот на 2026, почетокот на 2027 еве да биде најдоцна првиот квартал 27 година, истакна македонскиот премиер.

Тој додаде дека со силно темпо се работи изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани.

-Повеќе од 75 проценти од фронтот за работа е отворен. Се работи со несмалена динамика .Голем дел од активностите ќе бидат реализирани оваа година. Исто така со несмалена динамика се работи и автопатот Тетово- Гостивар, како и автопатот Прилеп-Битола којшто очекувам дури и предвреме од предвидениот план да бидат завршени, рече премиерот во одговор на новинарско прашање во врска со динамиката на изградба на автопатот и обвинувањата од СДСМ за фушерај.

Јас рече, не би го коментирал СДСМ. Мислам дека тие имаат многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки во јавноста.

-СДСМ прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл, на уште едни избори коишто ќе се случат набргу од денеска. Но тоа е нвина работа. Јас не би сакал вашето време да го трошам коментирајќи ги овие небулози, рече Мицкоски.

Додаде дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид е показател за разликата меѓу оваа и минатата влада предводена од СДСМ.

-Тоа е разликата помеѓу оваа Влада, и владата на СДСМ и ДУИ коишто ги интерисираше само да исплатат аванси за да може да добијат некоја милост назад. Оваа Влада не ја интересираат авансите, туку ја интересира работа, фронт и просперитет на државата. Додека владата на СДСМ и ДУИ крадеше, оваа Влада гради. Тоа е разликата. Нас не не интересираат ниту трговски центри, ниту скапи автомобили, ниту инстант фирми за увоз на јаглен, ниту богати туристички агенции коишто купуваат евтини деловни простори во центарот на Скопје. Нас не итересира работа и просперитет на сите граѓани на целата територија на Македонија, рече премиерот Мицкоски во одговор на прашање на настанот на Царинската управа „Една година резултати“.

Во врска со изградбата на гасни централи, покрај со компанијата „Казанџи“, Владата, како што рече премиерот, веќе е во преговори со уште неколку други потенцијални инвеститори за инвестирање во ваков тип на проекти.

-Дополнително ќе продолжиме со преговорите. И очекувам да ги прецизираме локациите. Во игра се неколку локации, во Скопје се неколку локации во оптек, исто така Куманово е во оптек, Тетово, Гостивар, поголемите градски средини. Нормално, тука се исто така и останатите. Имајќи предвид дека Битола веќе ќе се затвори проблемот со затоплување, бидејќи се завршува проектот топлификација од РЕК Битола, ни остануваат Прилеп, Велес, Штип,Струмица, Кавадарци итн., да не замерат останатите коишто нема да ги споменам, рече Мицкоски. 

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Сигурно, фер и професионално: Супер Возач воведува нов стандард за возачки испити
Следно: Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат, а СДС со злорадост ликува

Поврзани вести

37118 (2)
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Шеталиште 06/03/2026 09:12
FB_IMG_1772788127452
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

Димитар Петковски 06/03/2026 09:09
soncevoo
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Шеталиште 06/03/2026 08:40
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
-_
300 x 300
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК 37118 (2) 1
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

06/03/2026 09:12
Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ FB_IMG_1772788127452 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

06/03/2026 09:09
Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени soncevoo 3
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

06/03/2026 08:40
Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави grip-opsta-pexels-1 4
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

05/03/2026 13:31
Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

05/03/2026 13:28

Можеби сте пропуштиле

37118 (2)
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Шеталиште 06/03/2026 09:12
FB_IMG_1772788127452
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

Димитар Петковски 06/03/2026 09:09
soncevoo
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Шеталиште 06/03/2026 08:40
IMG_7736
  • Промо

Нова ера на Фрајле

Шеталиште 06/03/2026 07:17

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани