Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Мицкоски: Инвестиции од околу две милијарди денари во образовната инфраструктура

Шеталиште 17/06/2025 10:38
screenshot-2025-06-17-120927

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во образовната инфраструктура се инвестираат околу две милијарди денари, кои вклучуваат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали и студентски домови. Одговарајќи на прашање од новинар во Битола во врска со напорите на Владата за подобрување на инфраструктурата во образованието, Мицкоски ги презентираше деталите.

“Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции околу две милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома, дел од стратешкиот договор со Обединетото Кралство е изградба на нов медицински факултет во рамки на новиот Клинички центар во Штип, студентски дом со 2200 легла.”

Тој додаде: “Очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК, при универзитетот свети „Кирил и Методиј“, како и почеток на изградбата на Комплексот на универзитетот „Мајка Тереза“.” Мицкоски престојува во посета на Општина Битола, каде присуствува, меѓу другото, и на почетокот на реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“.

Во рамки на посетата на Битола, Мицкоски ќе се обрати на одбележувањето на 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, на настан насловен „Идеја што не запира, вредности што носат промени“. На прашањето каква порака ќе упати вечерва од Хераклеа, тој потенцираше дека за партијата ова е голем настан.

“За нас ова е навистина посебен настан, сепак 35 години од постоењето на современото ВМРО, односно ВМРО-ДПМНЕ е голем настан. Со тоа што сме во Битола испраќаме силна порака и за Битола и за битолчани и за целиот Пелагонски регион. ВМРО-ДПМНЕ е најдржавната и најголемата политичка партија во Македонија, мора така да се однесуваме. И во периодот кој следи очекувам ВМРО-ДПМНЕ тоа да го повтори со уште една би рекол историски голема победа на локалните избори на целата територија во државата, вклучително и тука во Битола. Така што тоа би била пораката,” истакна Мицкоски.

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Продолжуваме да градиме посилна културна инфраструктура и да ја враќаме Битола на мапата на значајни културни центри во државата
Следно: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола, инвестицијата е вредна 96 милиони денари

Поврзани вести

granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани