Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција

Шеталиште 19/06/2025 12:17
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 90

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се даваат натчовечки напори во делот на дисциплината и ремонтите. Двата блока се веќе во ремонт, а овој единствено работеше, бидејќи таква е потребата на пазарот во моментов РЕК Битола да работи со еден блок, а пикот да се пегла со други извори, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Потсети дека АД ЕСМ и Владата не побара зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули, како што, како што посочи, тоа многу пати го правеше мината влада.

-Продолжуваме да го оправаме сето она кое што уништено, распаднато и девастирано го затекнавме од претходната влада, потенцира Мицкоски.

Вчера рано изутрина Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.

Од АД ЕСМ тогаш посочија дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагирале согласно оперативните протоколи и ја известиле криминалистичката полиција која извршила увид.

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Дали парите за рекет од Пулс завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?
Следно: По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“

Поврзани вести

23ee73d0-6151-40bc-b766-5882e3ae4090
  • Вести
  • Македонија
  • Свет

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото)

Димитар Петковски 15/03/2026 22:59
Messenger_creation_FFD46405-F319-4AAE-9B50-E3A1A8F0841F
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео)

Димитар Петковски 15/03/2026 21:19
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Грам злато денеска се тргува за 140 евра 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 1
  • Економија

Грам злато денеска се тргува за 140 евра

16/03/2026 08:10
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер NdGze-sonce-41217-1 2
  • Македонија

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

16/03/2026 08:09
Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел nafta-1-2-1 3
  • Економија

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел

16/03/2026 08:07
Пријавувањето е во тек: Утре уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток evakuacija-od-izrael-so-vladin-avion-800x450 4
  • Македонија

Пријавувањето е во тек: Утре уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

16/03/2026 08:06
Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото) 23ee73d0-6151-40bc-b766-5882e3ae4090 5
  • Вести
  • Македонија
  • Свет

Македонците од Швајцарија организираа настан „Македонска трпеза“ (Фото)

15/03/2026 22:59

Можеби сте пропуштиле

2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1
  • Економија

Грам злато денеска се тргува за 140 евра

Шеталиште 16/03/2026 08:10
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Шеталиште 16/03/2026 08:09
nafta-1-2-1
  • Економија

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел

Шеталиште 16/03/2026 08:07
evakuacija-od-izrael-so-vladin-avion-800x450
  • Македонија

Пријавувањето е во тек: Утре уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Шеталиште 16/03/2026 08:06

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани