Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04
20260911125006_big_730x400_99

– Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

И во врска со ГОБ „8 Септмеври“, нагласи, многу бргу ќе се излезе со детална информација.

– Дали ГОБ „8 Септмеври“ ќе биде ваква или таква здравствена установа, дали ќе се поврзе или не, а тука е и ПЕТ-центарот, многу бргу од денеска ќе излеземе со детална информација – напомена премиерот одговорјаќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.

Во однос на еврообврзницата, Мицкоски истакна дека ќе биде објавена на почетокот на годината.

– В година ни достасува еврообврзницата, некаде март – април, така што мораме на почетокот на годината да ја објавиме. Дали ќе биде во два купона или еден, ќе видиме, во зависност од информацијата што ќе ни ја дадат брокерите што ќе бидат анагажирани од државата за изнаоѓање инвеститори, условите што ќе ги понудат и интересот на пазарот – рече Мицкоски.

Се осврна и на пругата од Коридорот 10 нагласувајќи дека се завршени јавните дебати и дека се разговара со банката „Ексим“ и со другите финансиски институции која државна инстиуција да биде носител.

– Очекувам во првата половина или првиот квартал в година да го почнеме проектот. Имаше многу заинтересирани за финансирање, повеќе од 20, но имаме една необврзувачка индикативна понуда со која разговараме и која е исклучилено поволна. Парите за болниците не се тука, добивме од други европски и светски финансиски институции подобри услови и преговараме со нив преку Министерството за здравство – рече премиерот.

На прашањето за интонирањето на државната химна секој понеделник во училиште во Гази Баба одговори дека треба да се фокусираме на иднината, а не на вакви теми кои „можеби ќе привлечат внимание кај некоја мала група луѓе, која нема толку концентрирано да ги следи овие пораки“. Според Мицкоски, ако се почитува законот, никој не треба да има никаков проблем.

– Почитувањето на државната химна треба да е свето, исто како што треба да е коректно и почитувањето на националните симболи на етниките заедници – порача Мицкоски.

 

 

 

 

миа

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите
Следно: Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани