Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија

Шеталиште 06/08/2026 10:44
mickoskivlada-696x462

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија,  рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8, Мицкоски истакна дека Македонија успешно се соочува со предизвиците, како војната во Заливот и сегашната ситуација со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија.

Притоа порача дека политиката на оваа Влада не е да очајува и да одржува панични прес-конференции, туку да работи тивко, со мали чекори, но успешно и сето тоа да додаде вредност на квалитетот на животот на граѓаните.

– Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична  енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето со електрична енергија на граѓаните и на индустријата. И нема да правиме панични прес конференции, нема да повикуваме на внимателност во штедењето бидејќи водевме сметка многу порано за да не се случи тоа. Јас сум навистина среќен и задоволен што ја поминавме сезоната со наводнување онака како што планиравме, а сепак, во овој период од месецот, 6 август, имаме над 70 проценти од акумулациите полни и подготвени хидроелектрани да произведуваат електрична енергија, потенцира Мицкоски.

Тој потсети дека се реализираат големи капитални проекти.

– Се надевам дека во втората половина на август ќе можеме да појдеме на лице место, на терен, да посведочиме како се развива најголемата приватна инвестиција во делот на енергетиката, во делот на обновливата енергија, а тоа е ветропаркот на компанијата „Алказар“ во општините Штип, Карбинци, Радовиш, половина милијарда долари инвестиција во трите фази. И таму мислам дека ќе слушнеме уште една нова вест, но да оставиме инвеститорот тоа да го да го каже. Ние во моментот како земја сме безбедни и комотни, но истовремено правиме план за следните 10 години. За жал, предизвиците наследени од минатото се големи. Но, не очајуваме, ги решаваме. Ќе повторам, при решавањето имаме, се разбира, и критика. Јас секогаш како претседател на Владата сум подготвен за аргументирана критика и политичка дебата, но секогаш ќе се борам против оној талог во општеството што измислува и врз основа на тие лаги и конструкции создава хистерија и се обидува на тој начин да ја нападне работата на Владата. Е тука ќе се бориме цврсто, зашто тој не смее да победи. Мора да победи трудот, чесната и посветена работа и оние што прават стратегија и имаат визија како оваа земја треба да се развива, подвлече премиерот.

Земјава, додаде, нудеше по околу половина евро по литар поевтини горива во споредба со тоа што го имаа соседните земји, а со некои соседи таков е слуачјот и сега.

– Тоа е политиката на Владата, не да очајува, туку да работи. Од почетокот на годината имаме исклучително големи три предизвици. Првиот е војната во Заливот, војната во Иран и предизвиците што се случуваат со теснецот. Според сите светски енергетски познавачи, тоа претставува историски најголема енергетска криза. И кога почна таа енергетска криза, односно кога почна тој конфликт, сведоци бевме како голем број европски политичари, вклучително и политичари од регионот, држеа панични прес конференции, се обидуваа да укажат на предизвикот што се случуваше кој тогаш беше на самиот почеток. Зборуваа и за последиците. Ние не очајувавме, не одржувавме панични прес конференции, напротив, испраќавме пораки на смиреност дека имаме доволно резерви, дека нема потреба да го ограничиме и извозот од нашите капацитети, дека сме тука да помогнеме и за граѓаните од соседните земји, со тоа што ја одржавме ценовната стабилност, понудивме на пазарот најниски цени за горивата и на тој начин 50-тина проценти во одредени денови се зголеми потрошувачката на горивата поради притисокот што го правеа граѓаните од соседството, истакна Мицкоски.

Се осврна и на нивото на Дунав.

– Денеска имаме втор феномен. Втората најголема река во Европа – Дунав во одредени делови е на најниското ниво во последниве 100 години, а на одредени делови се ближи кон најниското ниво во последниве 100 години. Гледате што се случува со нуклеарните централи во Романија, во Чешка, во Унгарија, во хидропотенцијалот на Србија, Бугарија сѐ уште колку-толку ја користи, но прашање на ден е кога сето тоа ќе се исклучи. И тоа врши притисок врз цената на електричната енергија. Бидејќи вие со обновливи извори можете да произведувате енергија, но не може таа да биде базна, па дури и да имате батерии инсталирано. Вам ви треба базна енергија. Базна енергија во најголема мера произведуваат нуклеарните централи коишто во овој момент се исклучија и цените на берзите се огромни. Акумулациите се речиси празни. Но, ние како земја успеавме да направиме стратегија и механизам тоа да не се случи, истакна Мицкоски.  

 

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Следно: Сточари од Прилепскиот регион користеле ушни маркички од пцовисани крави за да земат субвенции, вели министерот Серафимовски

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани