Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Шеталиште 02/07/2025 13:44
Mickoski

Народот гледа дека оваа Влада се бори сето кое што го распродаде лесно и евтино претходната влада да го поврати, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека опозицијата „нема легитимитет ниту поддршка од народот“ да зборува за широк национален консензус за евроинтеграциите.

Според Мицкоски, додека власта повикува на таков консензус со месеци, опозицијата не бира средства како „позади грб да стават нож во грб“.

– Ние повикуваме на таков консензус со месеци, но гледате додека ние се бориме да го повратиме тоа на меѓународна сцена, тие не бираат средства како позади грб да ни стават нож во грб, мислејќи дека така ќе им се допаднат на тие кои што не и мислат добро на Македонија и на тој начин ќе се вратат повторно и ќе имаат можност да имаат власт. Не иде тоа така, народот не е со кратко помнење. Знаат што се случи изминатите седум години, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на „Реплек“.

Опозицијата, нагласи Мицкоски, ја испушта својата прилика да се консолидира, да се построи во редот на бранители на македонските интереси и на тој начин, колку толку да поврати дел од изгубениот кредибилитет.

-Тие за волја на вистината по два основни правци го губеа својот кредибилитет. Првиот беше овој, за кој што зборувам, а тоа е распродавајќи ја Македонија и нејзините стратешки интереси и вториот со многу крадење и криминал. Тоа беа двата основни столба. Тоа се двете причини зошто секогаш кога ќе му спомнете на народот за опозицијата, тие немаат легитимитет ниту поддршка од народот, ниту пак ќе ја имаат, изјави Мицкоски.

Прашан за коментар на изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче, дека нема политичка волја за напредок во евроинтеграциите, Мицкоски рече дека не би коментирал „егзибиции на опозицијата“ кои ги оцени како континуитет на нините предавства и порази од минатото.

-Ние како Влада додека се бориме жестоко да ги повратиме позициите кои што тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, тие гледате од зад грб се обидуваат дополнително да ни ставаат товар, но ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа. Мислам дека тоа е погрешна политика што ја води опозицијата, мислам дека политиката на свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично не доведе до оваа ситуацијата во која што сме, а она што го прави оваа Влада и македонската дипломатија е да ги поврати изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие позади сето она што порано беше кажувано како едноставна работа, само да се промени уставот и завршено е се, готово, мед и млеко ќе почне да тече по улиците, птиците ќе пејат, цвеќињата ќе растат и се ќе биде перфектно, а во суштина не е така, во суштина многу длабок е проблемот и ние само малку загребавме на површината и се излезе, така што може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор, изјави Мицкоски.

Прашан за коментар за наводите дека во Извештајот на ЕК се предупредува за т.н. „српски свет“, Мицкоски рече дека не го видел тој извештај, но ги отфрли таквите констатации, посочувајќи дека не верува такво нешто да биде создржано во официјал извештај од страна на ЕУ.

-Кога ќе го видам ќе го коментирам. Но, апсолутно отфрлам таква констатација, и не верувам дека тоа е содржано во некаков официјален извештај од страна на ЕУ, бидејќи би било многу наивно. И од оние контакти коишто јас ги имам со високи претставници на ЕУ, барем откако е оваа Влада, не само што немаме никаква допирна точка со таква констатација, туку напротив ако некогаш во времето постоеше нели онаа иницијатива „Опен Балкан“ барем од кога е оваа Влада, такво нешто нема, бидејќи се изгуби смислата на сето тоа од она што можам јас да го видам, изјави Мицкоски.

 

Continue Reading

Претходно: Повеќе од 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари
Следно: Став на СДСМ за изјавата на еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос

Поврзани вести

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Шеталиште 07/09/2026 07:56
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани