Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Мицкоски: Нова странска инвестиција на Гентерм вредна над 30 милиони евра, расте довербата во нашата економија

Шеталиште 03/07/2025 13:23
Mickoski

Нова инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Потенцира дека ова е уште еден показател оти земјава  станува сигурна дестинација за долгорочни стратешки технолошки напредни инвестиции. Со вакви проекти, нагласи, расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд.

-Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоеката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестнација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања. Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство. Ова, смета тој, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, нагласи премиерот, стануваме регионален хаб на Гентерм за Европа.

-Ова не е само уште една инвестиција ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд. Резултатите се забележителни и се гледаат, истакна премиерот Мицкоски.

Потсети дека минатата година земјава ја заврши со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1 милијарда 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата, нагласи, немало ваков прилив на капитал. Исто така, напомена дека во првите месеци од годинава расте индустриското производство, за во мај да се забележи историски највисоко нив во последната деценија во висна од 9,4 проценти.

Фото: Фото исечок

Continue Reading

Претходно: До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
Следно: Стојаноска: Со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за плати, пензии, за инвестиции во образованието, здравството, како и за капитални инвестиции

Поврзани вести

Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани