Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

Шеталиште 12/10/2025 09:14
Miting VMRO Prilep

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.

Мицкоски во својот говор се осврна и на националните теми на францускиот предлог и договорот со Бугарија и истакна  дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите е чиста капитулација, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи предавства и потценување на државата.

„Во однос на националните теми и францускиот предлог и договорот со Бугарија сакам да му порачам една јасна работа – дека има разлика од капитулација и борба. Капитулацијата е најлесна, и само човек без морал може да ја гледа како визија и одлучност. Не треба одлучност и визија да ги продадеш националните интереси, за тоа ти треба едноставно да немаш морални граници и елементарно чувство за тоа што е национален интерес. Затоа ви е чудно кога не попуштам со Бугарија и кога се борам заедно со луѓето од Владата. Најлесно е да капитулираш, најтешко е да се бориш. Во борбата ќе имаш и неуспеси, и сопки од домашни предавници, кои ќе ти работат зад грб, но секогаш ќе знаеш дека победата е одговорност а целта е највисока, одбрана на националните интереси. Во борбата секогаш ќе знаеш дека народот е на твоја страна се додека гледаат во тебе искреност и чесност во намерата. Одговорно тврдам дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите беше чиста капитулација и тоа во некои случаи директно поврзана со корупција на високи функционери, но ќе дојде време и за тоа ќе зборуваме повеќе.  Консензус со СДСМ за прашањето за Бугарија е исто како да имаш консензус со крадец на банки да отвориш банка. Додека нема јасен план со јасни и гаранции со кои ќе се врзат рацете на секој што сака да направи предавство и сега и во иднина нема шанси за разгвор на оваа тема“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври.

„Доаѓа време на работа, време на чест, време на резултати! И кога ќе ја погледнеме иднината, ќе можеме да кажеме со гордост: Да, ова беше вистинскиот избор. Ова беше нашиот човек. Ова е нашето место. И да, ние ова место го одбранивме, и заедно ја изградиме нашата иднина. На 19 октомври да гласаме за број 9“ заклучи Мицкоски.

Continue Reading

Претходно: Филипче од Јегуновце: Имаме застој и уназадување на секое поле
Следно: Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани