Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Очекувам проблемот со сметот да се реши за 72 часа откако Орце ќе победи и ќе го преземе управувањето на Градот Скопје

Шеталиште 27/10/2025 12:26
Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека проблемот со сметот во главниот град ќе има разврска. Мицкоски ова го посочи одговарајќи на новинарско прашање дали добил конкретни предлози од институциите во врска со решавањето на сметот во главниот град или пак ги чека активностите на Обвинителството, кое минатата недела започна постапка и дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.

– Мислам дека таму ќе има разврска, која што ќе биде многу интересна да ја следите, рече Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“, каде изврши увид на нова апаратура во одделот за физикална терапија и рехабилитација.

Тој во оваа прилика им се заблагодари на градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и Куманово за поддршката што ја даваа изминативе денови со механизација за чистење на сметот во Скопје.

– Во следниве денови, вторник, петок и сабота, ќе продолжат и потоа очекувам, откако ќе победи Орце Ѓорѓиевски, кога ќе се примопредаде практично раководењето со градот Скопје, целата работа со сметот да се нормализира. Впрочем, имаме ветувања 72 часа откако ќе го преземе управувањето на Градот Скопје дека сметот треба да биде комплетно исчистен и тоа да биде еден тековен процес, не да биде вест, туку нормална работа на институциите на Градот, истакна премиерот.

Главниот град изминатиот период беше „затрупан“ во ѓубре, контејнерите во повеќе скопски населби беа преполни со отпад, кој што се оставаше каде што ќе се стигне, а на некои места имаше отпад и на пешачките патеки и на улиците околу контејнерите, со што беше отежнато движењето на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој во првиот круг на локалните избори на 19 октомври имаше најмногу гласови, порача дека штом ќе стапи на функција за 72 часа ќе го исчисти градот. Ѓорѓиевски, кој е и актуелен градоначалник на Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС, минатата недела на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок со сите скопски градоначалници со цел да се изнајдат решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”.

– Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контејнерите, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека во изминатите неколку дена сите градоначалници од скопскиот регион, со поддршка од општествено одговорни компании, се обидувале да го амортизираат хаосот во градот.

Основното јавно обвинителство Скопје минатата недела соопшти дека веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.

Како што информираа од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба.

Владата, пак, претходно соопшти дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.

Фото: архива

Continue Reading

Претходно: Јаневска: Квалитетот во високото образование не е само заради Шангајската листа, туку за да ѝ помогнеме на државата
Следно: Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

Поврзани вести

u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
станови зграда
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Шеталиште 12/05/2026 12:04
agencija-za-film-696x522-1
  • Македонија

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии

Шеталиште 12/05/2026 09:49
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани