Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе

Шеталиште 14/03/2026 10:49
Mickoski

Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, рече премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.

– Денес сме собрани овде со чувство на длабока почит, но и со силно чувство на емпатија. Почит кон оние кои ги изгубија своите животи. Почит кон семејствата кои ја носат болката на загубата. Почит кон повредените кои веќе една година водат тивка и храбра борба за закрепнување. Но, истовремено, денес сме собрани и со чувство на одговорност. Одговорност да се сеќаваме. Одговорност да учиме. И одговорност да создадеме системи кои ќе бидат посилни од пропустите што доведуваат до трагедии. Оваа конференција е обид трагедијата да се претвори во знаење, искуството да се претвори во лекција, а лекцијата во конкретни решенија, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

– Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава. Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот.  Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока загриженост за луѓето кои се бореа за живот. Трагедијата ги погоди најсилно семејствата кои ги изгубија своите најблиски. За нив времето се мери со спомените, со празнината која останува и со секојдневната борба да се продолжи понатаму, рече Мицкоски.

Тој посочи дека денот на несреќата бил не само негов најтежок ден како премиер, туку и најтежок ден во неговиот живот.

– Оваа голема несреќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуват со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но, воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили, кажа премиерот.

Мицкоски истакна и дека во исто време, трагедијата остави и друга трага – трага на солидарност и оти хероите никогаш нема да бидат заборавени.

– Херојството денес не е само во пушка и кама, не е во мускулите и силата, туку во активизмот и подадената рака. Кочани покажа дека има луѓе кои се тивките херои на нашата земја. Тоа се болничарите и докторите кои работеа, брзата помош, техничкиот персонал. Вo најтешките моменти, граѓаните покажаа дека општеството има сила да се обедини. Крводарителските центри беа исполнети со луѓе кои дојдоа да помогнат. Волонтери се јавуваа за поддршка на семејствата.  Хуманитарните организации се мобилизираа.  Лекарите и медицинските тимови работеа без прекин, со огромна посветеност и професионалност. Сакам од срце да ви честитам. Вам и на секој кој беше вклучен во оваа операција. Дома и во странство. Никогаш нема да бидете заборавени, рече Мицкоски.

Фото: Влада

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
Следно: Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани