Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Фокусирани сме на реализација на реформската агенда и воведување ред во државата

Шеталиште 05/02/2026 16:33
Mickoski

Ќе имаме можност да почнеме еден циклус средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите што како Влада ги правиме, а се поврзани со реформската агенда, истакна премиерот  Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за реформската агенда со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија.

Тој посочи дека некои од реформите се реализираат, но други, како што реќе, од објективни причини нема да се реализираат и за тоа се известени претставниците на меѓународната заедница.

– Како Влада кога бевме избрани пред неполни 20 месеци, имавме индикативна листа на чекори што треба да ги реализираме, практично првата една и пол година се одобруваа, се усвојува и слично, работејќи со ЕУ, за некаде на почетокот на 2025 година да се заокружи тој процес и почнаа чекорите да се реализираат, нормално додека се засили тој процес, ценам дека беа испорачани одреден број чекори, а потоа се распишаа локалните избори и поради нашето домашно законодавство, ние не успеавме таа динамика да ја следиме во зависност од нашите амбиции. И бидејќи тогаш парламентот е во т.н. техничка форма и не работи, како и другите институции, имавме неколкумесечна пауза. Но, веднаш по локалните избори, некаде од ноември, интензивно се работеше на реформската агенда и на реализирање на чекорите што се дел од неа, како и на оние чекори што можеме да ги реализираме. Тие што не можеме, објективно кажуваме зошто не можеме бидејќи не би сакале да бидеме Влада што што едно ветува пред нашите партнери од меѓународната заедница, а друго прави зад завесата. Тоа што можеме да го испорачаме, ќе го испорачаме, за она што не можеме, ќе ги дадеме нашите аргументи зошто не можеме и сме подготвени секогаш на искрен дијалог и разговор со нашите партнери од меѓународната заедница, особено со нашите партнери од ЕУ – нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот порача дека оваа година нема да има избори бидејќи Владата е фокусирана на исполнување на реформите и воведување ред во државата.

– Нема да имаме избори оваа година. За да немаме дилема, бидејќи честопати некои од вас ме прашуваат дали ќе имаме избори, еве самата оваа амбициозна агенда вели дека оваа година нема да имаме избори затоа што сме фокусирани на реформа и воведување ред во државата. Такви се проектите „Безбеден град“, за жал, некои од опозицијата тоа го злоупотребуваат и се обидуваат повторно да политизираат, а други да етнизираат. Потоа, борбата со криминалот и корупцијата, одредени закони што ќе значат безбедност за здравјето на граѓаните, како законот против пушењето. Работиме со „стејкохолдери“, со производителите, оние страни што се засегнати, како што е секторот угостителство и туризам, и мислам дека во овие неколку недели ќе дојдеме до решение што сите заедно ќе го поддржиме. Тука исто така има и други закони, како што е законот за игри на среќа, законите што се дел од правосудството, некои ги поминавме, а другите ќе ги поминеме во вторник на владина седница – истакна премиерот.

Тој додаде дека оваа година земјава има прилично амбициозна реформска агенда, која, како што нагласи, сакаат да ја завршиме. – Целта е да ја напишеме домашната задача, а потоа е до земјите членки на ЕУ како понатаму – истакна тој.

Премиерот Мицкоски заклучи дека следен брифинг би одржале во март, па во јуни и потоа, како што рече, би брифирале најмалку еднаш квартално сè со цел да ги информираат меѓународните претставници во однос на реализираните чекори од реформската агенда. 

Фото Влада

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на владата на СДС, Пеце Мирчевски и Венко потврдени криминалци
Следно: Зајкова од Брисел: Македонија има целосно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа го прави деновиве ЕУ

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани