Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: 25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании

Шеталиште 04/02/2026 16:03
Mickoski

Денес, испраќаме силна и јасна порака – дека одиме напред кон одржлива, модерна и конкурентна економија што расте одговорно, со грижа за животната средина и со јасна европска визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод почетокот на проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“.

Проектот ќе се спроведува во периодот 2026 – 2030 година и предвидува 25 милиони евра за зелена трансформација на микро, малите и средните претпријатија. Се очекува со него да бидат опфатени 300 компании.

Како што истакна Мицкоски, овие 25 милиони евра не се само бројка во буџетот, туку директна инвестиција во македонските фирми, во нивната конкурентност, во европската иднина и во економијата што државата ја гради за генерациите кои допрва доаѓаат.

– Со финансиска поддршка од ЕУ и средства обезбедени од Владата почнува значаен проект за поддршка на претпријатијата во процесот на зелена трансформација. Овој проект не е само финансиска интервенција, туку стратешка инвестиција во иднината на македонската економија. Преку него ќе се поддржат инвестиции што значат помалку отпад и загадување, поголемо користење обновлви иизвори на енегрија, намалување на јаглеродниот отпечаток, поефикасно користење на природните ресурси и воведување меѓународни еколошки стандарди, кои се предуслов за излез на глобалните пазари. Во наредните четири години ќе бидат поддржани над 300 компании, а преку механизми за кофинансирање ќе се активираат и дополнителни приватни инвестиции. Речиси 200 компании ќе добијат поддршка за подготовка и имплементација на меѓународни стандари за заштита на животната средина и одржливо работење, што е директна пропусница за учество во европските и глобалните ланци на доставувачи – истакна премиерот.

Целта на проектот, додаде, е да ја поддржи државата во исполнување на целите за климатска неутралност утврдени во зелената агенда за Западен Балкан преку јакнење на приватниот сектор и поттикнување одговорни и одржливи деловни пркатики.

– Оваа Влада инвестира онаму каде што економскиот и општествениот ефект е најголем. Зелената трансформација не е трошок, туку инвестиција во посилна економија, поздрава животна средина и повиок квалитет на живот на граѓаните. Владата останува силен партнер на бизнис-заедницата и двигател на европската иднина на државата. Заедно градиме одржлива, конкурентна и еврпска економија, заедно градиме иднина што останува – потенцира Мицкоски.

На настанот „Научнотехнолошки развој и претприемаштво“ се обрати и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, која нагласи дека денес почнува важна трансформација на македонската економија.

Димовска информира дека грантовата шема ќе изнесува вкупно 22 милиона евра, а компаниите, во зависност од инструментот, ќе треба да учествуваат со 20-50 отсто сопствено финансирање. Првите повици ќе бидат објавени во средината на 2026 година, а ќе се реализира и инфо-карван во соработка со општините, стопанските комори, регионалните центри и секторските здруженија за поддршката да стигне до компаниите. Во зависност од големината и потребите на фирмите, ќе се применуваат повеќе финансиски инструменти – преку јавни повици компаниите ќе може да аплицираат за техничка и советодавна поддршка, за стандардизација и за финансиска поддршка за набавка на опрема, технологии и развој на нови производи.

Од 25-те милиони евра, колку што е вредноста на проектот, 18 милиони се поддршка од ЕУ, а седум милиони евра се буџетски средства. 

Фото: принт скрин 

Continue Reading

Претходно: Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество на Светскиот самит на владите во Дубаи
Следно: „Мојата Македонија“ – Давид Темелков со прв солистички концерт во Скопје

Поврзани вести

20260216130149_big_730x400_71
  • Македонија

Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања

Шеталиште 16/02/2026 12:30
denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-01
  • Македонија

Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост – Што треба да правите?

Шеталиште 16/02/2026 12:29
sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци 20260216130149_big_730x400_71 1
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

16/02/2026 12:58
Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош 8 2
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

16/02/2026 12:43
Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

16/02/2026 12:39
Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево img_7764-1140x570-1-1044x522 4
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

16/02/2026 12:36
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396 20260216123229_big_730x400_79 5
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

16/02/2026 12:34

Можеби сте пропуштиле

20260216130149_big_730x400_71
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

Шеталиште 16/02/2026 12:58
8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

Шеталиште 16/02/2026 12:39
img_7764-1140x570-1-1044x522
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

Шеталиште 16/02/2026 12:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани