Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Младата фудбалска селекција иако водеше на полувремето, загуби на гости во Црна Гора

Димитар Петковски 15/10/2025 10:49
035-1536x1137

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на гостувањето во Црна Гора забележа уште еден пораз. Овој пат нашите надежи се совладани со 3:2.

Избраниците на селекторот Станиќ на полувремето водеа со 0:1 но во вториот дел домашните за релативно краток период постигнаа три гола. Ова е трет пораз на Македонија по стартните против Полска односно Италија, а имаме и еден триумф против Ерменија на домашен терен.

Првиот наш обид кон противничкиот гол беше на Меметриза Хамза, кој одлично шутираше со лева нога, но голманот Радановиќ интервенира. Корнерот кој што беше изведен потоа донесе водство. По краткото проигрување, токму Меметриза Хамза нафрли одлично, а Мелиќи на петерецот највисок, погодува во десниот агол на Радановиќ.

Домашните се обидоа на два пати, со удари од надвор од шеснаесетникот, но и со удар од непосредна близина, но Васко Василев во првиот дел одличен и сигурен.

Нашата најголема шанса за двојно водство пристигна по двојното проигрување на Дашмир Елези, кој од непосредна близина на голот на Радановиќ, убаво шутираше од прва, но црногорскиот голман овој пат на висина на задачата.

На спротивната пак страна Вуканиќ последен се закани, но по акцијата од лево и одличното проигрување за него, играчот на Будуќност шутираше над голот.

Во 54 минута Димитар Трајков се обиде од полудистанца со лева, но Радановиќ повторно сигурен. Нешто што не може да се каже за нашиот голман, Васко Василев, кој што 56. Минута на ударот на Вуканиќ од свртување ја одби топката во својот петерец, а таму налета „деветката“ Перишиќ и реализираше за 1:1.

По израмнувањето на домаќинот, Македонија повторно се обиде да дојде до водство и се префрли на домашната половина. Тоа му овозможи на домаќинот да има простор на нашата половина за контра напади, а еден таков им донесе и водство. Мрваљевиќ одлично поведе на нашата половина, додаде за Јуковиќ, а овој со финта се намести на десна нога и шутираше неодбранливо за 2:1.

Тоа се случи во 68. Минута, за да веќе во 73. Домаќинот има 3:1. Вуковиќ нафрли од десно, топката стигна токму до Мрваљевиќ, а овој со помош на еден од нашите играчи во кој што удри топката постигна гол за двојно водство на домашните.

Македонија од ова не успеа да се врати во игра иако имавме минимални шанси на крајот од мечот. Истите ни ги донесе Димитар Трајков кој постигна гол во судиското продолжение. Сепак, немавме сила за да се вратиме резултатски комплетно.

 

Фото: ФФМ

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (15.10.2025)
Следно: На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

Поврзани вести

Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

Шеталиште 14/11/2026 16:18
filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Шеталиште 14/11/2026 14:04
mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Шеталиште 14/11/2026 13:58
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

14/11/2026 16:18
Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија filipce 2
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

14/11/2026 14:04
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември mickoski 3
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

14/11/2026 13:58
Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата hristijan-mickoski 4
  • Вести
  • Економија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата

14/11/2026 13:56
Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена pcenica 5
  • Вести
  • Прилеп инфо

Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена

14/11/2026 13:54

Можеби сте пропуштиле

14.11.2026-14
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.11.2026)

Шеталиште 14/11/2026 16:43
Саботно кафе во Прилеп (14.11.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (14.11.2026)

Шеталиште 14/11/2026 16:25
Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

Шеталиште 14/11/2026 16:18
filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Шеталиште 14/11/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани