Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе игра за 19. место на Европското првенство во Романија, откако вчера беше поразена од Полска со 33-32 по изведување на пеналите (5-4) за противникот.
Најмногу погодици за македонскиот состав постигнаМарин Крстевски 7 погодоци и Христијан Гурмашевиќ 6, кај противникот Јакуб Тчасковски постигна 6 голови.
Младинската ракометна репрезентација на Македонија во последниот натпревар на шампионатот ќе се соочат со Србија откако беше поразена во дуелот со Летонија со 40-37.


