Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“ 22 години ја промовира урбаната култура во Битола

admin 21/06/2023 00:00
МКЦ-1024x814-1

Со цртање на графити од млади битолчани менторирани од уметници коишто денеска цртаат на ѕидовите во битолските училишта „Таки Даскало“, „Стив Наумов“ и Градинката „Пролет“, во Битола започна 22 издание на Младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар Битола.

Програмата на годинашното издание на Фестивалот е богата со креативни работилници, уметнички интервенции на јавен простор, журки со диџеи на зајдисонце, изложби и концерти на локалната младинска музичка сцена.

-Битола годинава е како сцена за младите уметници од една страна, а од друга страна експериментираме со новите урбани простори во градот. Оваа иницијатива не поттикна бидејќи видовме дека на ѕидовите на битолските образовни институции има говор на омраза, затоа решивме за почеток да направиме уметнички интервенции на тие простори, а потоа ќе интервенираме и на други јавни простори каде што има говор на омраза. Така и го нарековме денешниот ден „Уметнички крик против говорот на омраза. Така и го нарековме денешниот ден „Уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“. Сакаме Битола да ја претставиме како урбана уметничка сцена. Исто така, во дворот на МКЦ Битола ќе се претстават млади уметници коишто се занимаваат со фотографија, графика, млади уметници ќе цртаат графити-рече на денешната прес-конференција Маја Ангеловска програмски менаџер во МКЦ Битола.

Она што е специфично годинава за Фестивалот „Битола отворен град“ е оживување на нови простори каде што досега не се одржувале настани. Таков еден музички настан ќе се одржи кај местото познато како „Соколана“ во Битола, со диџеј од Шпанија.

Инаку, големиот музички хепенинг, заштитен знак на Фестивалот „Битола отворен град“, ќе се одржи в сабота, на 24 јуни во Градскиот парк.

-Ќе настапат три музички групи. Прв настап ќе има рок бендот од Битола „Lucent“ кој слободно можам да речам дека држи лекции за моќна музика. Со нивниот настап прво даваме поддршка на локалната музичка сцена. Потоа ќе настапи и бендот „Arumbo“ од Барселона Шпанија со членови од Белгија и Каталонија со весели песни, специфичен кадифен женски вокал. Нивните настапи се со танцувачка атмосфера. После подолго време како Фестивал излегуваме од Балканските рамки и овој бенд за првпат ќе настапи во Македонија. Третиот бенд е „Repetitor“ од Србија еден од најдобрите балкански рок бендови и се вистинска атракција за публиката. Станува збор за моќно трио кое е специфично што неговата ритам секција е составена од девојки кои праќаат силни пораки кон публиката-истакна Златко Талевски извршен директор на МКЦ Битола.

Младинскиот арт фестивал „Битола отворен град“ во организација на МКЦ Битола ја промовира пред сè урбаната култура во Битола

-Кога во 2002 година го одржувавме првото издание ниту размислуваме за тоа колку долго ќе трае овој фестивал, но времето најубаво покажа дека е еден од најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски средства, што во едни транзициски времиња е тешко да се одржи. Морам да истакнам дека волонтерите се секогаш движечката сила на сите 22 изданија на Фестивалот „Битола отворен град“. Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици-рече на денешната прес-конференција, директорот на МКЦ Битола, Сашо Додовски.

Инаку, сите настани на Фестивалот „Битола отворен град“ се на отворено и бесплатни за посетителите.

Continue Reading

Претходно: Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп
Следно: Сончево со попладневна нестабилност

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
Screenshot_20260508_120921_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Димитар Петковски 08/05/2026 10:10
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани