Младиот македонски тенисер Марко Алексовски, кој има само 15 години го освои третото место на турнирот во Софија откако денеска во полуфиналето загуби од домашниот тенисер Мартин Бонев со 2-0 во сетови (76(5) 62).
Алексовски до полуфиналето постигна четири победи. Најпрво во групата ги совлада: Јоанис Мацокас од Грција со 2-0 во сетови (63 60), потоа беше подобар од Кристијан Стефанов од Бугарија со 2-0 во сетови (61 61) и во третиот меч во групата го победи Доминик Чопек од Велика Британија со 2-0 во сетови (60 63). Во четвртфиналето Алексовски го победи Матеј Суцу од Романија со 2-0 во сетови (63 61).
Македонскиот тенисер претходната недела ја заврши како финалист на турнир во Солун и без ден одмор стигна во Софија, а по кусиот одмор од два дена (без мечеви) од понеделник го очекува настап на Ј60 Скопје турнир што ќе се игра на терените на ТК Југ.

