Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ја победија екипата на Тиквеш со 34-27 во последниот дуел од 7. коло од Суперлигата.
Избраниците на Бранко Ангеловски и Реваз Чантурија уште од стартот покажа дека се мотивирани за да дојдат до победата.По првите 30 минути беше 17-10 за младите пелистерци, во второто полувреме гостите се обидоа да ја намалат негативата, но домашните ракометари не дозволија изнендување и славеа со 34-27.

Давид Димевски со 9 голови и Кристијан Симоноски со 7 ги постигнаа половина од головите во триумфот на битолчани, додека кај гостите од Кавадарци, Тоше Ончев погоди 8 пати во битолската мрежа. Со оваа победа екипата на Е.Пелистер 2 се наоѓа во првата половина на табелата со 3 победи и 200 постигнати голови, заедно со Вардар, Е.Пелистер, Алкалоид, Охрид и Прилеп. Следниот натпревар ќе биде вистински тест за младите пелистерци каде му гостуваат на амбициозниот тим на ГРК Охрид.

