Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Младите пелистерци изиграа храбро сепак битолското дерби за шампионот Еурофарм Пелистер (Видео)

Димитар Петковски 18/10/2025 13:31
Screenshot_20251018_141827_YouTube

Шампионот Е. Пелистер го доби битолското дерби против помладите пелистерци со 34:27 во премиерниот натпревар од 8. коло во Суперлигата на Македонија во ракомет.

Младите пелистерци одлично се спротивставија на поискусните ракометари и добро го почнаа мечот и тоа преку Шулевски го зададоа првиот удар за водство од 1:0, во текот на првиот дел водеа неколку пати и тоа преку Бен Азиз (4:3) , Петар Атанасијевиќ изедначи на 4:4 и потоа македонскиот шампион ја презеде иницијативата и до крајот на првиот дел го имаше водството откако првин Гичев од 7 метри изедначи на 17:17 за да конечните 18:18 по првиот дел беа дело најпрво на Хенингман па потоа од Е.Пелистер 2 изедначи, Фехми.

На стартот од вториот дел младиот Лука Ѓоргиевски промаши удар од 7 метри но затоа во 37-мата минута постигна погодок за прво водство на младите пелистерци во вториот дел во 37-мата минута за 20:19.

Последен егал пред завршниот удар на шампионот и поискусните пелистерци беше во 44-тата минута повторно со гол на Ѓоргиевски (23:23), за да следи серија од 4-0 со головите на: Цехте,Манасков,Кузмановски и Хакбарт и водство од 23:27.

До крајот на натпреварот следеше нова серија од 4 гола за шампионот на Македонија (25:32) последниот погодок во битолското дерби го постигна Славков за конечни 27 за Е.Пелистер 2 наспроти 34-те голови за шампионот на Македонија.

Кај Е.Пелистер 2 најефикасен беше Бојан Гичев со 7 погодоци , 4 постигна Алсин Фехми додека по 3 имаа : Пецаковски, Славков , Ѓоргиевски и Бен Азиз М.

Кај шампионот Е.Пелистер во листата на стрелците се запишаа: Хакбарт со 7 гола , по 5 постигнаа : капитенот Кузмановски , Атанасијевиќ П. и Хаџиќ додека 4 имаше Дејан Манасков.

Заслужен одмор доби Никола Митревски пред гостувањето кај европскиот шампион Магдебург затоа шанса доби младиот Јован Мацанковски кој заедно со колегата од братскиот клуб Е.Пелистер 2 , Иван Младенов со по 10 интервенции.

Судии на мечот во Битола беа : Илиевски и Шуковски , делегат на натпреварот Александар Стефановски од Битола. Видео: РФМ / Фото Е.Пелистер

Continue Reading

Претходно: Саботно „корзо“ на битолчани (18.10.2025)
Следно: БИТОЛА ГО ЗАГУБИ СВОЈОТ ХРОНИЧАР, ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР СТЕРЈОВСКИ

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 2
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 3
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 4
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43
Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 5
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47

Можеби сте пропуштиле

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
75775
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

Шеталиште 08/10/2026 06:46
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани