19-годишен жител на Битола вчера е уапсен поради сомнение дека украл комби-возило од паркингот на фирма соопшти полицијата.
„На 16.03.2025 на патот Прилеп-Битола, кај бензинска станица во с.Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(19) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата во Битола. Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.