Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

МНР: Вкупно 473 македонски државјани затекнати во загрозените подрачја досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Шеталиште 03/03/2026 09:57
20260303103339_big_730x400_76

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, соопшти МНРиНТ.

Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде почната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, од МНРиНТ велат дека активно ги разгледуваат можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

– Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, наведуваат од Министерството.

Од Министерството дополнуваат дека за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Посна чорба од леќа
Следно: Државата има дволно нафтени деривати, уверуваат надлежните

Поврзани вести

Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации cestitka-vmro 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани