Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

МНР: Утре враќање на дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин

Шеталиште 10/03/2026 11:25
large

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија известува дека дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, се очекува утре да се вратат во земјава.

Преку објави на Фејсбук страницата на Министерството, ги известува македонските државјани за времето и локацијата каде треба да пристигнат, по што со специјален лет ќе бидат вратени во земјава.

МНРиНТ ги информира Македонците во Саудиска Арабија утре во попладневните часови да бидат присутни на Аеродромот во Ријад.

-Ве информираме дека сите македонски граѓани кои треба да се вратат во Република Северна Македонија со специјалниот лет организиран од Владата со авиокомпанијата FlyNas, кој ќе полета од Riyadh – King Khaled International Airport, потребно е да бидат присутни на аеродромот на 11 март 2026 година, во 17:00 часот по локално време во КСА, на Терминал 1. Ги замолуваме сите патници да пристигнат навремено на аеродромот, со цел непречено завршување на процедурите пред поаѓањето на летот, стои во објавата на Министерството.

За македонските граѓани во Кувајт, пак, Министерството информира дека ноќва вторник спрема среда со организиран превоз со автобус ќе се поаѓа кон Аеродромот во Ријад.

-Ве информираме дека ноќта во вторник спрема среда, односно на 10 март во 12:00 часот (полноќ) со организиран превоз со автобус на Флајнас ќе се поаѓа од Kuwait Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од страна на Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.

Локација на патување од Кувајт/the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/G6Xy6JT5cJKg7DHQ7?g_st=aw.,стои во објавата за македонските граѓани во Кувајт.

Македонските граѓани во Бахреин, пак, се известуваат дека утре наутро ќе има автобус кон Аеродромот во Ријад.

-Информација за македонските граѓани во Бахреин: Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.

Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein – the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/mvgrL9SoP6LzwD4E6?g_st=awb, се наведува во известувањето на МНРиНТ.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. – Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација – рече Муцунски.

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем.

Во неделата вечерта вкупно 151 патник пристигна на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи“. Повеќето беа македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица со холандско државјанство. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (10.03.2026)
Следно: Мицкоски утре ќе бара од маркетите да не ги зголемуваат цените

Поврзани вести

policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Шеталиште 11/09/2026 07:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани