Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Могила се гради и чекори напред: Саботковски ја побара поддршката за втор мандат

Шеталиште 31/07/2025 13:08
525540312_1068253748828376_3340756381252244539_n

Синоќа на плоштадот во Могила, во присуство на бројни граѓани, партиски претставници и поддржувачи, се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, кој доби поддршка за уште еден мандат на чело на Општина Могила.

На настанот присуствуваа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, пратеници, градоначалници, директори, ветерани, жени и млади од партијата, како и жители на општината. Во своето обраќање, Саботковски се осврна на постигнатото во изминатиот период, истакнувајќи дека заедно со граѓаните изградиле нова слика за Могила: стабилна, модерна и развојно ориентирана општина.

„Градевме, расчистувавме, се боревме со долгови и неправди. И никогаш не се откажавме. Могила денес е општина што чекори напред, со јасна визија и реални проекти“, рече Саботковски.

Тој потенцираше дека Општина Могила денес функционира стабилно, со над 80% исплатен долг што го наследил при преземањето на функцијата и дека со поддршка од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе се реализираат значајни инфраструктурни и социјални проекти.

Во центарот на неговото обраќање беа капиталните инвестиции: асфалтирање на над 30 улици низ општината, изградба на водоводна мрежа во девет села, канализациони системи, уредување на индустриската зона „Петилеп“, како и реконструкција на училишта, спортски терени и изградба на првата градинка во Могила.

„Инфраструктурата не е само асфалт, таа е патот до подобар живот. Денес во Могила се гради повеќе од кога било. Со сопствени средства и со поддршка од Владата, реализираме проекти кои вистински го менуваат животот“, рече Саботковски.

Тој најави и нови мерки за поддршка на семејствата, младите и пензионерите, како и продолжување на политиките за поддршка на родителството и новите бракови, субвенции за енергетска ефикасност, инвестиции во животната средина и грижа за сите генерации преку проекти како „Грижа и нега во домот“.

Особено внимание беше посветено на земјоделството. Саботковски истакна дека со отворањето на две подрачни канцеларии на Министерството за земјоделство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, локалните земјоделци добиваат полесен пристап до услуги и информации.

Во своето обраќање, генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, порача дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветена, отчетна и домаќинска работа за сите граѓани.

„Саботковски има јасна визија, силен тим и докажани резултати. Со ваша поддршка, ќе продолжиме да ја водиме Могила по патот на развојот и успехот“, истакна Сајкоски.

Со порака дека „најдоброто допрва доаѓа“, Драганчо Саботковски побара доверба за втор мандат, ветувајќи дека Могила ќе остане општина што се развива со јасна насока и со слушнат глас на секој нејзин жител.

515489776_1068253515495066_4148236526736639286_n
525608774_1068253482161736_9148510672000117212_n
525650865_1068254505494967_2691782615984794514_n
525698657_1068254735494944_2121807112579464523_n
525726344_1068253385495079_1705477628226913278_n
525771778_1068254718828279_8825780621263192874_n
525932194_1068254665494951_1793782026444403169_n
525968689_1068253438828407_8090917463392502966_n
526308436_1068253408828410_7946038794223823947_n
526674149_1068253795495038_8249807047280319152_n
526748683_1068254485494969_8070657906397420631_n

Continue Reading

Претходно: Вработените од Националниот парк „Пелистер“ и мештаните од Маловишта ја уредија патеката до манастирот Света Ана
Следно: Кузманоски: Заедно да ја вратиме Општина Новаци на граѓаните

Поврзани вести

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео) 698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

17/05/2026 20:48
Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео) dara 2
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

17/05/2026 06:42
Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво FB_IMG_1778998471569 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

17/05/2026 06:15
СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ SDSM-2-1024x576-1 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

16/05/2026 10:35
ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ

16/05/2026 10:32

Можеби сте пропуштиле

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
698557629_1572367268222247_9031132792845596933_n-1536x1249
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата на Македонија до 14 години поуспешна од Малта

Димитар Петковски 17/05/2026 15:30
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани