Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Шеталиште 03/11/2025 09:05
image12

Скопје повторно го живее пулсот на модата. Со своето 31-во издание, Моден викенд Скопје (FWSK) – најзначајната модна платформа во земјата, под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“ – ја отвори новата сезона со два настана што ја претвораат теоријата на одржливост во вистинско искуство.

Во време кога глобалната индустрија зборува за рециклирање и повторна употреба, FWSK powered by UNIBank го претвора зборот одржливост во практика, покажувајќи дека модата има моќ не само да инспирира, туку и да едуцира и трансформира.

Од „старо“ до уникатно: работилницата на Ирина Тошева и „Ништо ново“

Првиот ден, модната приказна започна во Центарот за поправки „Ништо ново“, каде што Ирина Тошева ја водеше работилницата „Од стара облека до уникатен моден додаток“.

Под нејзино менторство, учесниците ги претвораа заборавените парчиња ткаенина во нови модни изрази – ташни, обетки и детали што носат лична енергија и потпис.

Тошева, позната по својата етичка и одговорна естетика, повторно покажа дека модата не е само дизајн – таа е процес на грижа, љубопитност и повторно вреднување на материјалот.

Работилницата ја спои креативноста со одговорноста, потсетувајќи дека секое парче има своја приказна и дека вистинскиот луксуз лежи во времето и вниманието што го вложуваме во него.

„Нишки од природата“: кога занаетот станува современа уметност

Вториот ден, фокусот се префрли во Македонско Етно Село, каде што Изабела Соколовска, креаторка и менаџерка на социјалното претпријатие Еснаф Хендмејд, ја водеше интерактивната работилница „Нишки од природата“, поддржана од Green Land Group.

Во атмосфера што ги спојуваше природата, традицијата и современиот дизајн, младите учесници работеа со растението јука (Jukka), експериментирајќи со неговите влакна и природната боја како алтернатива на индустриските текстилни материјали.

Процесот опфати рачна обработка на листовите, извлекување на влакна и бојадисување со природни пигменти, со што секој учесник создаде свој мал фрагмент на одржлив текстил инспириран од природата.

Како дел од иницијативата „Мода и занаети: FWSK“, студентите и професорите од International Balkan University (IBU), во соработка со Еснаф, создадоа рачно ткаен тепих во големи размери, користејќи ја техниката на ткаење со јамки – метод што ја слави тактилноста, повторливиот ритам на изработката и поетиката на рачната работа. Тепихот, кој ќе биде претставен во рамки на изложбата Fashion & Craftsmanship, симболично ја обединува идејата за заедничко создавање – мост меѓу традицијата и современиот дизајн.

Одржливост, едукација и младински дух

Во рамки на првите два дена, учесниците имаа можност да се сретнат и со тимот на UNIBank, генералниот партнер на Fashion Weekend Skopje, кој ги претстави можностите на UniQ пакетот за млади – иницијатива што ја поттикнува финансиската писменост, самостојноста и креативниот дух на новата генерација. Со тоа, FWSK уште еднаш ја потврди својата мисија да биде повеќе од модна платформа – место каде што се среќаваат идеите, образованието и економијата на иднината. Овие две работилници го отворија FWSK31 како лабораторија на идеи што покажува дека одржливоста не е само материјален избор, туку начин на размислување – каде секој конец, секој детал и секој допир се дел од поширока приказна за грижа, иновација и култура.

Овие активности се реализираат во рамки на проектот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Фото: Дејана Павловска

image3
image4
image5
image6
image7
image8
image9
image10
image12
image13

Continue Reading

Претходно: КК Пелистер со нова победа за лидерска позиција на табелата
Следно: Драганчо Саботковски од ВМРО – ДПМНЕ реизбран градоначалник на Општина Могила

Поврзани вести

prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани