Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Шеталиште 04/09/2025 14:02
MON

Испораката на учебниците завршува деновиве, а електронскиот дневник функционира без проблеми, преку соопштение истакнуваат попладнево од Министерството за образование и наука.

– Министерството за образование и наука реагира на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години. За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту пак да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна година, пишува во соопштението.

Оттаму додаваат дека учебници има за сите ученици.

– Министерството за образование и наука годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребни количини на учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици по кои недостасуваа седум години. Најголем дел од тиражот, над 90 отсто се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот, се додава во соопштението.

По однос на новиот електронски дневник, информираат дека тој е изработен со поддршка од Европската Унија преку ИПА-фондовите, тестиран бил заедно со корисниците и функционирал одлично.

– Во системот веќе се евидентирани повеќе од 250 илјади корисници – наставници, класни раководители, директори и администратори. Веќе се внесени повеќе од 90 проценти од податоците за учебната 2025/2026 година. Над 15 илјади паралелки се креирани, а класните раководители внесоа над 3.000 распореди. Податоците од старите системи се пренесени во новиот систем, се потенцира во соопштението.

Од почетокот на користењето на системот, како што се додава, нема никакви предизвици, а Министерството било постојано на располагање за каква било потребна корисничка и техничка поддршка преку службена е-пошта.

– Функционалноста на е-дневникот се проверува многу едноставно, од страна на кој било граѓанин, електронски со пристапување кон линкот https://ednevnik.edu.mk . Лесно можат и СДСМ да проверат. Но, болката им е неуспехот од изминатите години кој ги одведе во опозиција, па оттука и ваквите паушални обвинувања за да создадат слика дека сите се исти како нив. Потсетуваме, четири министри за образование се сменија во мандатот на претходната Влада и никој ниту обезбеди учебници, ниту активираше функционален електронски дневник, се додава во соопштението на Министерството за образование и наука.

Фото: Принтскрин

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Нема учебници, не работи е-дневник
Следно: Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против Мицкоски

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани