Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за доделување стипендии за студенти запишани на додипломски студии, за студиската 2025/2026 година.
Како што е наведено во конкурсот, право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија и кои ги исполнуваат следните услови – да се редовни студенти, да не повторувале година во текот на студирањето, да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании, како и да се државјани на Македонија.
Аплицирањето е исклучиво електронски, односно документи не се доставуваат до и во МОН.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Сите детали околу потребните документи, условите и рокот на пријавување ги има во конкурсот.

