Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.
Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.
Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања пренесува банкарство.

