Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МПЦ-ОА денеска го чествува споменот на неколку светители

admin 30/06/2023 00:00

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите. Тие тогаш изјавија дека се странски поданици, дека се дојдени како пратеници на царот персиски заради воспоставувањето мир меѓу двете царства, а не за нешто друго; дека се христијани и дека сметаат за недостојно да им се поклонуваат на мртвите идоли и да им принесуваат жртви. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Утредента повторно ги изведе и почна да се препира со нив за верата, но светите браќа беа непопустливи и непоколебливи. Тогаш ги врзаа голи на дрвја и ги стружеа со железни четки.
Непрестајно за време на мачењето Му се молеа на Бога, благодарејќи Му за маките: „Најсладок Исусе, овие маки ни се слатки заради љубовта Твоја!“ Ангел Божји им се јави, ги утеши и им ја одзеде секоја болка. Наспроти сите меѓународни односи свирепиот цар Јулијан најпосле изрече пресуда овие тројца браќа да бидат убиени со меч. Кога ги расекоа, настана голем земјотрес, земјата се расцепи и ги прими телата на Светите маченици во себе, за да не бидат запалени од незнабожците по наредба на царот. Отпосле земјата ги исфрли телата на мачениците, па беа најдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случија многубројни чуда, коишто мнозина од незнабожците што ги видоа ги приведоа кон христијанската вера. Кога царот персиски дозна дека Јулијан Отстапник нечовечно ги предаде на смрт неговите делегати, спреми војска против него. А Јулијан Отстапник се крена на Персиското царство, уверен во својата победа. Но беше срамнет и поразен, и самиот загина срамно, на радост и за смеа на целиот свет.

Тропар
По број еднаков со оној на Пресвета Троица, Мануиле, Савле и Исмаиле, по духот на слогата – дијамант неронлив, желбата, волјата и разумот, подигнати кон Небесата, примија вест дека од небитие кон битие Бог нe привел, а Себе во тело човеково се сместил, вашите тела да поминат низ оган ги предадовте, душите кон Љубовта ги приведовте, молете се за нас, о свети маченици, чиј глас одекнува низ вселената: и телото да ми изгори, ако љубов немам, ништо не сум.

Преподобен Пиор

Отшелник нитриски. Загреан со љубов кон Бога, Пиор рано се одрече од светот и се оддалечи во пустината Мисирска, во којашто херојски се подвизуваше. За него велат дека никогаш за јадење не седнал на трпеза, туку секогаш јадел стоејќи и работејќи. Кога го прашале зошто прави така, Пиор одговорил: „Не сакам да го сметам јадењето како накоја работа, туку како нешто споредно и попатно“. Кога го повикаа во собранието за да го судат еден брат којшто нешто згрешил, тој дојде носејќи на грбот една голема вреќа песок, a на градите едно мало кесиче со песок. Запрашан што му значи тоа, Светиот одговори: „Песокот во вреќата на грбот се моите гревови и нив не ги гледам, а песокот во кесичето се гревовите на брат ми кого што треба да го судам“. Сите браќа се посрамија и возвикнаа: „Тоа е патот на спасението!“ Живееше сто години и се упокои во Господа во 6 век.

Тропар
Блажен си ти, Приоре, кој со смирение благодатта Христова ја вдоми, и велик си, Аво пустински, кој такви примери на подвижништво ни остави, затоа не престанувај за нас да се молиш, оче свет, пред Подвигоначалникот Христос, нашиот Спасител.

Continue Reading

Претходно: Денеска сончево време, викендов врнежи од дожд и грмежи – Наместа е можно невреме и пороен дожд
Следно: ЦУК: Има опасност од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес

Поврзани вести

20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
zname-2-640x427-107237-316064-1
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

Шеталиште 05/10/2026 05:56
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани