Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер максимално подготвен за гостувањето во Аеродром против актуелниот првак МЗТ Скопје

Димитар Петковски 07/03/2026 00:34
633538509_17959928781047249_5463754512103256636_n

Вечерва  од 19.часот, се игра дербито во салата „Јане Сандански“,  а се сретнуваат екипите на МЗТ Скопје и Пелистер.

Домашните слават голем јубилеј, во СЦ „Јане Сандански“ во кој еден од најтрофејните клубови во нашата кошарка, екипата на МЗТ ќе го прослави својот голем јубилеј – 60. години од постоењето.

Она што е особено важно е што и двете екипи се во добра натпреварувачка форма, и зад себе имаат низа на победи кои ги поставија во оној горен дел од поредокот во „МТЕЛ“ Супер лигата. И аеродромци и битолчани бараат продолжување на победничката серија. Сериозен хендикеп за домашната екипа ќе биде неиграњето на Војдан Стојановски, која се пожали на повреда при настапот во репрезентативниот дрес, која ќе го одвои од овој дерби-меч.

„Одработевме квалитетно за време на репрезентативната пауза и сега се враќаме на завршницата од Супер-лигата. МЗТ Скопје е тим што апсолутно го респектираме, но како и секогаш досега – ние мораме да бидеме фокусирани на нашата игра, како во нападот така и во одбраната. Не верувам дека сме без шанси, напротив, ако одиграме онака како што знаеме и умееме би можеле да стигнеме до посакуваниот резултат. За тоа да се случи треба максимално да се одработи на терен сето она што ќе го имаме како „план за мечот“, да се одржи концентрацијата во текот на сите 40 минути. Кога играте против МЗТ мора да бидете перфектни од почеток до крај, доколку успееме во тоа можеме да парираме и да се надеваме на позитивен исход“, – истакнува тренерот на Пелистер – Боро Даскаловски.
Американецот во редовите на зелено-белите, Кевин Брејси Дејвис е максимално мотивиран за овој дерби натпревар, заедно со соиграчите да сторат се за да го изненадат МЗТ во Скопје.
„Верувам дека напредуваме како тим од натпревар во натпревар. Обрнуваме внимание на ситници во играта, повоиграни сме во одбраната, а во нападот подобро ја движиме топката. Мораме да продолжиме во ист стил и да веруваме дека можеме до добри резултати, продолжувајќи со мечот со МЗТ Скопје. Ќе играме со квалитетен ривал, најголема сила им е долгата клупа и ротацијата со квалитетни кошаркари на сите позиции во тимот. Тоа не значи дека се непобедливи, ние ќе мораме да одиграме паметно и ефективно, да ги користиме нашите шанси и верувам дека можеме да стигнеме до победата што сите ја посакуваме“, – изјави Брејси Дејвис.

 

 

 

17. КОЛО

7.МАРТ (САБОТА)

 

14.00: Ангели – ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

 

19.00: Феникс 2010 – Тиквеш Голден Игл

Сала „Наум Наумовски -Борче“ – Скопје

 

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

 

20.30: Чаир 2030 – Работнички

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

 

8.МАРТ (НЕДЕЛА)

18.00: Маџари – Кожув

Сала „Наум Наумовски -Борче“ – Скопје

 

18.00: МКК Куманово – Гостивар

Спортска сала во Куманово

 

ТАБЕЛА

1. ТФТ 16 15 1 1384:1193 31

2. МЗТ Скопје А. 16 15 1 1245:105 30

3. Пелистер 16 12 4 1496:1294 28

4. МКК Куманово 16 8 8 1313:1255 24

5. Маџари 16 8 8 1336:1332 24

6. Кожув 16 8 8 1302:1310 24

7. Чаир 2030 16 7 9 1312:1377 23

8. Работнички 16 6 10 1306:1324 22

9. Тиквеш ГИ 16 6 10 1269:1306 22

10. Феникс 2010 16 6 10 1238:1276 22

11. Гостивар 16 4 12 1151:1270 20

12. Ангели 16 1 15 1066:1431 17

Continue Reading

Претходно: Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“
Следно: Небото над Дубаи повторно се отвора за летови по утринските експлозии

Поврзани вести

dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 1
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 2
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 3
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 5
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09

Можеби сте пропуштиле

germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
20260415131242_big_730x400_61
  • Рецепти

Чизкејк со јагоди

Шеталиште 16/04/2026 09:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани