Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се одмазди на Куманово во Битола

Димитар Петковски 11/03/2026 22:15
1773260375475-1103-ПЕЛИСТЕР-МКК КУМАНОВО-1

Битолските „зелено-бели“ одиграа одлично второ полувреме во кое стигнаа до убедлива победа над МКК Куманово (92:62)

Кошаркарите на КК Пелистер во голем стил го одиграа вечерашниот дуел против МКК Куманово, декласирајќи го овој противник со огромни 30 поени разлика (92-62) во можеби најдоброто издание на „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.

„Пелистерци“ одиграа перфектно, дополнително мотивирани од куп-поразот од истиот ривал, па вечерва покажаа и квалитет и карактер што сигурно ќе ја зголеми самодовербата за клучниот дел од сезоната.

Противникот подобро го отвори натпреварот поведувајќи со 2-7, нешто подоцна и со 4-11, но „пелистерци“ не дозволија доминацијата на гостинот предолго да трае, па експресно се вратија во натпреварот. Џенкинс, Стајиќ и Митревски реализираа три напади во серија, се врати самодовербата меѓу „зелено-белите“ кои целосно се вратија во мечот, а на истекот на деветтата минута стигнаа и до првото водство, преку Малешевиќ за 23-22.

Првата четвртина заврши со 23-24, но Пелистер на самиот почеток од вториот период ја презеде контролата над резултатот. „Зелено-белите“ во неколку ситуации имаа четири поени предност, кумановци се враќаа, но „пелистерци“ подобро го завршија полувремето и со забивањето на Вилсон по генијалната асистенција на Стајиќ заминаа на одмор со предност од 44-39.

Првите две минути од втората четвртина не донесоа ниту поен на двете страни, пред Брејси Дејвис со тројка да донесе најубедливи 47-39 за Пелистер. Нападот повторно доби на сигурност, погодуваа сите играчи кои беа на теренот, па во 27. Минута преку Брејси Дејвис се стигна до првото двоцифрено водство (59-48). Доминацијата на битолчани продолжи, па по двете успешни положувања на Малешевиќ за 63-49 гостинскиот тренер Докузовски беше принуден да побара тајмаут, но Дејвис стави точка на оваа одлична четвртина за Пелистер (21-10) по која во последните десет минути се влезе со водство од убедливи 65-49.

Стрелците кај Пелистер ги предводеше Дејвис, кој реализираше 23.поени, Вилсон имаше 19, Малешевиќ постигна 18, Џенкинс 12, а Митревски уште 10.поени.

Кај гостите од  Куманово: Радукиќ постигна 14.поени (седум асистенции и шест скока), а Ѓуроски додаде уште 10.поени.

 

Фото КК Плистер

Continue Reading

Претходно: Иван Дургутов за впечатоците од Миколајки, Полска и 11-тиот Европски конгрес на локални самоуправи
Следно: Е.Пелистер со тежок пораз во Шпанија се прости од Лигата на шампионите (Видео)

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани