Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МТСП: Помош и нега во домот станува достапна и во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани

admin 01/08/2023 00:00
uploads_thumbs_resize_800x420_593836

На 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, како и на 60 лица на територијата на општина Крушево, им станува достапна социјална услуга за помош и нега во домот.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска им ги додели дозволите за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои треба да им ја овозможат социјалната услуга на корисниците во споменатите општини. Тоа се: општинската организација на Црвениот крст Крушево, која ќе ја нуди услугата за помош и нега во домот на корисниците во Крушево, како и Центарот за развој и едукација што ќе ја нуди оваа услуга на корисниците од Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Воедно, министерката Тренчевска ја искористи оваа прилика за да посети и корисници на новата услуга во нивните домови во селото Лажани, општина Долнени и во селото Слевеј во општина Кривогаштени, каде во непосреден разговор директно се запозна со потребите на овие лица кои не се во можност самостојно да се грижат за себе, како и да ги информира за придобивките од социјалната услуга што тие ќе почнат да ја добиваат.

„Луѓето и нивните потреби се она што нѐ водеше во процесот на конципирање и реализација на социјалната реформа, со чија реализација, помеѓу останатото, обезбедуваме квалитетни социјални услуги за оние на кои тие им се најпотребни, онаму каде што тие се чувствуваат најсигурно – во нивните домови. Сакаме да го подобриме квалитетот на живот на овие луѓе и тие да добијат подобра социјална заштита. Тој беше и останува главната цел на социјалната реформа и истовремено тоа е гаранција за нејзиниот успех“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа ја истакна и втората многу значајна придобивка од социјалата реформа, со чија реализација се креираа можности за вклучување на пазарот на трудот на невработени лица, особено од социјално загрозените категории, кои преку соодветна преквалификација и обука добиваат можност да се стекнат со сертификати за негуватели или друг индивидуален давател на социјална услуга и на таков начин да ја обезбедат стабилни приходи за себе и за своето семејство.

Лиценцираните негуватели кои ќе бидат ангажирани за помош и нега во домот секојдневно ќе им помагаат на корисниците полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности, почнувајќи од одржувањето на личната хигиена, облекувањето, хранењето, движењето во домот, а ќе обезбедуваат и поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, земање медицинска терапија и слично.

Воведувањето на социјалната услуга за помош и нега во домот ја поздравија и градоначалниците на општините Крушево, Долнени и Кривогаштани. Токму децентрализацијата на социјалната заштита и преносот на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на локално ниво, е исто така значен ефект и придобивка од социјалната реформа.

Воведувањето на новата социјална услуга е дел од Компонентата 1 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од Светска банка. Досега се поддржани 34 проекти во 37 општини. Покрај услугата помош и нега во домот, се обезбедуваат и дневни центри за стари лица, дневни центри за престој на лица и деца со попреченост и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и услугата лична асистенција. За давање на услугите засега се обучени 300 лица, а ќе бидат опфатени повеќе од 1200 корисници, соопшти МТСП.

Continue Reading

Претходно: 50 странски студенти од Балканот со македонско потекло ќе добијат стипендии за факултетите во нашата земја
Следно: Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во работна посета на СВР Битола и ГП „Меџитлија”

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани