Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

МТСП: Сите барања ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки

admin 14/08/2023 00:00
screenshot_20230814-170025_chrome

Министерството за труд и социјална политика, по денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, информира дека сите барања кои им биле доставени ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани.

На средбата со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери, како што информираат од МТСП, ги изнеле своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година, одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата, ,зголемување на надоместокот за мобилност и туѓа нега и Гарантирана минимална помош.
Од МТСП, посочуваат дека Тренчевска ги ислушала барањата, по што се отворила дискусија околу истите, при што, министерката истакнала дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на нашата највозрасна категорија на граѓани, е приоритет на оваа Влада, и дека за тоа потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.

– Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите, рече Тренчевска.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во март 2023 година – 8.4 отсто и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку 6 отсто. Заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав, посочуваат од МТСП.

Тренчевска истакна дека иницијативата за унапредувањето на квалитетот на живот на пензионерите потекнува токму од Министерството за труд и социјална политика и таа е поддржана од Владата.

– Во 2022 година, месеците март, април и мај, сите 330 000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, а пензионерите со ниски пензии беа дел и од пакетот финансиска помош за ранливи категории на граѓани односно добија помош од 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата. Владата продолжува и со субвенционирање на електричната енергија за сите граѓани, вклучително и пензионерите. Пензионерите со ниски пензии преку Министерството за економија, можат да добијат субвенции за електрична енергија до 1000 денари, посочуваат од МТСП.

Тренчевска, се вели во соопштението, исто така, потенцираше дека со добри политики и домаќинско работење се обезбедува стабилност на Пензискиот фонд и пензионерите ги добиваат пензиите редовно и предвреме.

Continue Reading

Претходно: Нов трет случај на конго-кримска хеморагична треска регистриран во земјава
Следно: Во последното деноноќие во ЦУК пријавени 23 пожари, два од нив се сѐ уште активни

Поврзани вести

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
nafta-1
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Шеталиште 11/09/2026 11:09
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 1
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 3
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 4
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 5
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09

Можеби сте пропуштиле

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани