Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МТСП ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите

admin 16/08/2023 00:00
mtsp-383730

Министерството за труд и социјална политика денеска ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд во врска со прашањето за линеарно зголемување на платите, кое е едно од барањата на пензионерите, и врз основа на добиеното мислење во работната група што ќе се формира, ќе бидат донесени конкретни одлуки и политики, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

-Уставниот суд веќе има донесено одлука во 1997 година, во времето, кога беше премиер Бранко Црвенковски за неуставност на линеарно зголемување на пензиите. Во одлуката на Судот од 1995 година, се посочува, додава таа, дека сите права од пензиско и инвалидско осигурување треба да бидат во согласност со должината на работниот стаж и она коешто секој работник во времето на работниот век го придонесува во Пензискиот фонд, рече Тренчевска по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.

Тоа што го правиме за пензионерите и за највозрасната категорија граѓани, односно за лицата над 65 годишна возраст се воспоставувањето на социјалните услуги. Во 44 општини имаме воспоставено

Прашана во однос на тоа дека од 1997 досега многу пати било исплатено линеарно покачување на пензиите, министерката појасни дека оваа Влада има исплатено лиенарно покачување, но врз тогаш постоечка законска основа.

– Линеарно покачување, последното е со одлука на Влада во 2019 година повикувајќи се на третиот основ за покачување на пензиите што постоеше тогаш во законот. Тоа беше доколку БДП е поголем од 5 проценти. И затоа е донесена одлука. Мислам дека беше 720 денари линеарно покачување. Во моментов нема таков основ во Законот. Тоа не е линеарно усогласување, туку е покачување на пензиите. Одлуката беше 5 проценти од сумата на пари за исплата на јануарската пензија во 2019 или во 2020 година, таа сума на пари да се распореди на сите пензионери и затоа произлезе за секој пензионер да треба да биде 720 денари, вели Тренчевска.

Во 2014, 2015, и 2016 година кога се носеа одлуките за 600 денари покачување на пензиите, посочи таа, тие беа ставени вон сила, она што денеска го имаме во законската регулатива.

– И затоа реков дека е невозможно и неуставно, затоа што и во одлуката која што ја спомнав од 95 година Уставниот суд се повикува токму на она што секој еден граѓанин, работник го има вложено во системот преку годините поминати на работа. Ние денес ќе доставиме барање за мислење до Уставниот суд и зависно дали во моментот е уставно или не е линеарното покачување и ова што го бараат пензионерите врз основа на мислењето на Уставниот суд, ќе го разгледаме во работната група што ќе ја формираме и ќе донесеме конкретни одлуки и политики, рече Тренчевска.

Во однос на можноста за зголемување на старосната граница за одење во пензија, засега вели не се разговара за зголемување на старосната граница за пензионирање, затоа што, како што посочи, се фокусирани на политики коишто значат повеќе пари кај пензионерите, поголеми пензии и политики коишто во услови на економска, енергетска криза ќе значат и дополнителен приход преку социјални мерки.

Continue Reading

Претходно: УХМР: Викендов температура до 39 степени Целзиусови
Следно: Франција воведува нов сообраќаен знак – казната за непочитување е 135 евра

Поврзани вести

grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25
mickoski2-660x490
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

Шеталиште 05/03/2026 13:23
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
-_
300 x 300
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави grip-opsta-pexels-1 1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

05/03/2026 13:31
Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

05/03/2026 13:28
Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра iran-raketni-napadi-848x477 3
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

05/03/2026 13:25
Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна mickoski2-660x490 4
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

05/03/2026 13:23
Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански sv-lav-486x460 5
  • Македонија

Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански

05/03/2026 11:12

Можеби сте пропуштиле

image
  • Промо

Реал Мадрид – Хетафе ја „скрои“ судбината на тикет вреден над 2.000.000 денари!

Шеталиште 05/03/2026 15:24
grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

Шеталиште 05/03/2026 13:28
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани