Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

МТФ „Војдан Чернодрински“ со 11 претстави, награди за животно дело за Таневска и Витанов

admin 10/05/2024 00:00
mtf-vojdan-cernodrinski

Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на фестивалот, соопшти денеска на прес-конференција уметничката директорка Ана Стојаноска.

Единаесет претстави на професионалните македонски театри се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата.

Покрај претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар, во конкуренцијата се и „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица.

Исто така, во конкуренција се и „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.

Годинава, автор во фокусот е Горан Стефановски и еден фестивалски ден ќе му биде комплетно посветен на големиот македонски драмски писател.

-И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. За селекцијата, одгледав 50-тина претстави. Видов многу убави претстави, но голем дел се камерни, за помала сцена. Сме направиле некој исчекор за домашниот драмски автор, рече уметничката директорка Ана Стојаноска.

И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав на д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Фестивалот нуди богата придружна програма во која се и 7 претстави, ќе има промоции и секојдневно разговори на тркалезната маса за одгледаните претстави. Ќе бидат одржани пет работилници.

Годинава МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ“.

Continue Reading

Претходно: Битола се буди: Продолжува битката меѓу Пелистер и Работнички
Следно: Одрони на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

Поврзани вести

608427170_856965877168732_2847069068302286210_n
  • Култура
  • Настани

Концерт на Раде Шербеџија и бендот Западни колодвор

Шеталиште 10/01/2026 13:00
prikaznata-za-siljan
  • Култура
  • Кино
  • Филм

Македонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска

Шеталиште 04/01/2026 09:56
594475537_1400338138307224_9210968425721500376_n
  • Култура
  • Настани

Project 7000 го најавува првиот outdoor настан „Ski You Later“ на Пелистер – почеток на нова четирисезонска приказна

Шеталиште 25/12/2025 08:09
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег dozd-cador-1 1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

17/01/2026 09:24
Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо Screenshot_20260117_082255_Facebook 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 3
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 4
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 5
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00

Можеби сте пропуштиле

Kire-Lazarov
  • Ракомет

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Шеталиште 17/01/2026 09:27
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

Шеталиште 17/01/2026 09:24
Screenshot_20260117_082255_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Димитар Петковски 17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани