Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Копенхаген го игра еден од најважните натпревари во квалификациите за Светско првенство 2026. Избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски ќе се соочат со Данска во полуфиналето од баражот. Селекторот изјави дека мечот има големо значење и дека тимот е подготвен за предизвикот.
– Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме – изјави селекторот на прес-конференцијата.
Данска – Македонија
Данска стигна до плејофот откако заврши втора во Групата Ц со 11 бода, забележувајќи три победи, две нерешени резултати и еден пораз, во група изненадувачки предводена од Шкотска. Нивниот последен резултат се покажа клучен, бидејќи претрпеа пораз од Шкотска на гости со 4-2 и тоа им го одзеде директното квалификување. За Данска, сите очи ќе бидат насочени кон Расмус Хoјлунд, расен напаѓач кој ужива во извонредна сезона со Наполи како соиграч на Елмас. Неговото физичко присуство и способност за завршување го прават главна напаѓачка закана во Данскиот фудбалски состав.

Македонија пристигнува во плејофот откако бевме трети во Групата Ј со 13 бода, зад Белгија и Велс. Последниот резултат беше тешкиот пораз од Велс со 7-1 на гости, лош резултат што ја поремети конзистентноста што ја покажаавме во текот на квалификациите, каде што беа запишани три победи, четири нерешени резултати и само еден пораз. Нашиот национален тим може да се пофали со неколку првокласни играчи како голманот Столе Димитриевски кој е имрпесивен во дресот на Валенсија но и нашиот дијамант Ељиф Елмас кој исто така има добри игри во Наполи. Како и капитенот Енис Барди кој со своето искуство во средниот ред е клучна фигура во тимот, внесувајќи креативност, рамнотежа и лидерство за Македонија.

Клучни фактори кои можи да го решат натпреварот се способноста на домаќинот, Данска да го контролира поседот и диктира темпото, обидувајќи се да создаде постојан притисок во нападот.

Додека нашиот национален состав веројатно под диригентска палка на новиот селектор Гоце Седлоски ќе пристапи на мечот со “дефанзивната дисциплина” и задржување на компактноста, притоа чекајќи можност за контранапад. Ефикасноста ако се пружи шанса во противничкиот шеснаесетник ќе биде од огромно значење да се погоди и тоа хирушки па потоа нека му ја мисли противникот што потоа.

За Шеталиште од Копенхаген – Данска , Димитар Петковски.

