Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

Шеталиште 15/08/2025 12:55
Timco-Mucunski

Според најновиот извештај на „Фајненшл тајмс“ нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на Бруто домашен производ. Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Овој индекс, посочи Муцунски на прес-конференција во Влада, не ја наградува големината туку напорот и довербата, нагласувајќи дека не е случајност, бидејќи испраќаме порака дека нашата држава е сигурен и достоинствен партнер, градиме предвидливост, ние сме кредибилна членка на НАТО и се поврзуваме со европските коридори.

-Тој покажува дека привлекуваме повеќе нов капитал отколку што би се очекувало за нашата економска тежина. Дека остварените резултати во делот на странските инвестиции се над нашата категорија. Тоа е порака до инвеститорите и граѓаните. Тука вреди да се инвестира, да се гради, да се остане, изјави Муцунски.

Како пример за ваквата динамика, Муцунски ги посочи енергетските проекти и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ зоните во изминатат година.

-Тоа е јасен сигнал дека енергетската транзиција и индустрискиот раст се во фаза на реализација не само план или парола, рече Муцунски.

Граѓаните не очекуваат аплауз за статистика, нагласи Муцунски, туку чесна држава и јасни правила, подобро платени работни места и пониски трошоци, брзи дигитални услуги, континуитет во подобрувањето…

-Затоа денеска уште повеќе го забрзуваме чекорот. Поедноставуваме постапки, кратиме рокови и ги поврзуваме домашните компании со странските инвеститори, вложуваме во вештини за младите и најважно, создаваме систем во кој никој не е над законот, зошто довербата е најсилната валута за раст, порача Муцунски.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димоски, на заедничката прес-конференција во Владата со министерот Тимчо Муцунски, рече дека денешниот успех претставува признание за нашата стратегија, пристап и политики кои ги спроведуваме во привлекувањето на странските инвестиции.

-Од самиот почеток на мандатот на оваа Влада поставивме јасна цел, која ќе донесе резултати со долгорочно позитивно влијание врз економијата. Како клучни приоритети ги поставивме економскиот раст, креирањето нови работни места и привлекување нови инвестиции кои ќе донесат високо додадена вредност во македонската економија. По само една година посветена напорна работа сведоци сме дека Македонија е рангирана на шест место во светот и лидер во регионот Адриа, однонос Македонија е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски инвестиции, потенцира Димоски.

Фото: МНРиНТ

 

 

Continue Reading

Претходно: Меџити: Зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии
Следно: Трамп ги награди ревносните неистомисленици и критичари од „КИС“, тие се „длабоко почестени“

Поврзани вести

ffm-zgrada-2-1536x1091
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

Димитар Петковски 05/06/2026 16:32
Screenshot_20260605_142359_Gallery
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

Димитар Петковски 05/06/2026 11:54
stopanska-komora
  • Вести
  • Македонија

Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“

Шеталиште 05/06/2026 06:26
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена! ffm-zgrada-2-1536x1091 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

05/06/2026 16:32
Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото) Screenshot_20260605_142359_Gallery 2
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

05/06/2026 11:54
Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ stopanska-komora 3
  • Вести
  • Македонија

Конференција „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“

05/06/2026 06:26
Собранието домаќин на 23. КОСАП конференцијата во Струга посветена на европските интеграции и регионалната соработка Struga 4
  • Вести
  • Македонија

Собранието домаќин на 23. КОСАП конференцијата во Струга посветена на европските интеграции и регионалната соработка

05/06/2026 06:24
Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ festival-prilep 5
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

05/06/2026 06:22

Можеби сте пропуштиле

ffm-zgrada-2-1536x1091
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Oд Куќата на фудбалот не попуштаат: Нема повеќе како досега, интегритетот на натпреварувањата нема цена!

Димитар Петковски 05/06/2026 16:32
Screenshot_20260605_142359_Gallery
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонскиот борец Гого Славески ја оствари осмата победа во БКФЦ, победата ја прослави со македонското знаме во Мајами (Фото)

Димитар Петковски 05/06/2026 11:54
Andoni-Iraola
  • Спорт
  • Фудбал

Ираола и официјално нов менаџер на Ливерпул

Шеталиште 05/06/2026 06:31
Rolan-Garos
  • Спорт
  • Останати

Од квалификации до финале на Ролан Гарос

Шеталиште 05/06/2026 06:29

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани