Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Муцунски на средба со Македонците во Литлхамптон: Заедно градиме посилни врски и подобра држава

Шеталиште 17/07/2025 08:25
Timco_Mucunski

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во посета на Обединетото Кралство, имаше средба со Македонците во Литлхамптон, во црковниот храм „Свети Ѓорѓи“.

Муцунски на Фејсбук објкави дека во обраќањето пред македонската заедница истакнал дека тие се жив мост меѓу двете држави.

– Заедно градиме посилни врски, заедно придонесуваме за подобра држава. Нивниот труд, успеси и љубов кон татковината се инспирација за сите нас. Нивната интеграција во британското општество, научната дејност, бизнис-секторот и културниот живот е уште еден доказ дека македонскиот идентитет се негува и надвор од границите на нашата земја. Ги запознав со тековните активности на Владата и Министерството за унапредување на врските со дијаспората, особено во делот на културната соработка, поддршката на младите и создавање нови можности за поврзување со матичната земја. Благодарен сум за нивниот ангажман и ја нагласив потребата од натамошно зајакнување на комуникацијата и соработката, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.

Тој и министерот за одбрана Владо Мисајловски, вчера во Лондон имаа средба со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас.

Фокусот на средбата бил ставен на потенцијалите на економската соработка, како и на соработката во областа на инвестициите, зголемувањето на трговската размена, потенцијалот за соработка во делот на инфраструктурните проекти, како и на подобрување и модернизација на здравствените капацитети.

Муцунски престојува во тридневна работна посета на Лондон на покана од државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.са/

Фото: Тимчо Муцунски (Фејсбук)

Continue Reading

Претходно: Сабаленка го откажа учеството на турнирот во Монтреал
Следно: Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани